Јован Манасиевски (роден на година во ) — македонски политичар, поранешен министер и поранешен претседател на Либерално демократската партија.
Животопис
Јован Манасиевски дипломирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје во 1994 година на студии по социологија. Во периодот од 1997 до 2002 година бил советник на градоначалникот на Град Скопје, за комуникации и координација на меѓународната соработка. Од 3 октомври до 31 октомври 2002 година, тој бил пратеник во Собранието на Република Македонија, а од 1 ноември до 1 јуни 2002 е член на Владата и Министер за труд и социјална политика. Од 3 јуни 2004 до 6 јули 2006 година Манасиевски е заменик-претседател на Владата и министер за одбрана.
На 11 февруари 2007 година бил избран за претседател на ЛДП, и на таа функција се задржал до 6 јуни 2011 година, веднаш по Парламентарните избори, кога си поднел оставка.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Министри за одбрана на Република Македонија Категорија:Министри за труд и социјална политика на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Политичари од Гостивар Категорија:Пратенички состав 2008-2011 Категорија:Пратенички состав 2006-2008 Категорија:Македонски социолози Категорија:Политичари од ЛДП Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје