Вила Сиберт Катер (; Датумот на раѓање на Катер е потврден од извор и писмо од 22 јануари 1874 година на нејзиниот татко до нејзе. Додека работела во McClure's Magazine, Катер тврдела дека е родена во 1875 година: По 1920 година, тврдела дека е родена во 1876 година. Тоа е датумот кој е ставен на нејзиниот надгробен споменик во Џафри, Њу Хемпшир. — ) — американска авторка која постигнала слава со нејзините романи, најпознати од кои се O Пионери!, Моја Антонија и Песната на чучулигата. Во 1923 година таа ја добила Пулицеровата награда за Еден од нашите (1922), роман за Првата светска војна.
Катер израснала во Вирџинија и Небраска, и дипломирала на Универзитетот во Небраска. Таа живеела и работела во Питсбург десет години."Journalist and Teacher, Writer and Poet, 1895–1912". Willa Cather Foundation website. Retrieved April 22, 2013. На возраст од 33 година се преселила во Њујорк, нејзиниот примарен дом за остатокот од нејзиниот живот, таа исто така патувала и поминала доста време во нејзината летна резиденција во Њу Бранзвик, Канада.
Во текот на првата година во Питсбург, Катер исто така напишала голем број на раскази, вклучувајќи ја и Томи, Несентиментално, за девојка од Небраска со име на момче, која изгледа како момче и го спасува банкарскиот бизнис на нејзиниот татко. Џенис П. Стаут ја смета оваа приказна за една од неколкуте Катерски дела кои ги "демонстрираат измамничките крути родови улоги и даваат поволен третман на ликови кои ги поткопуваат конвенциите".Stout, Janis P. Willa Cather: The Writer and Her World. Charlottesville: University of Virginia Press, 2000, p. 90.
Наводи
Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Добитници на Пулицеровата награда Категорија:Поети Категорија:Писатели Категорија:Американски романописци Категорија:Родени во 1873 година Категорија:Починати во 1947 година Категорија:Апсолвенти на Небраскискиот универзитет - Линколн Категорија:Членови на Американското филозофско друштво