Кале или Градиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Кореница. Наоѓалиштето поради неистраженоста не е датирано и е од непознат тип. Во 1951-1957 македонскиот антрополог Јован Ф. Трифуноски при своите истражувања забележал дека западно од селото на врвот на едно возвишение (кота 600 метри) се забележуваат остатоци од ѕидови, ќерамиди и керамика. Според мештаните наоѓалиштето се смета за стара населба од хеленистичко време.Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998

Поврзано Долгачка — неопредено од непознат период; Кореница; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Кореница