Саудиска Арабија — земја учесничка на осум Летни олимписки игри. Тие за првпат учествувале во Летните олимписки игри во 1972 во Минхен, Западна Германија. Тие никогаш се немаат натпреварувано на Зимски олимписки игри.

Проблемот со женските натпреварувачки мини|десно|200п|Војдан Шакеркани е првата жена натпреварувач од Саудиска Арабија која се натпреварувала во било која дисциплина на една Олимпијада, на Летните олимписки игри 2012, во џудо

Правниот систем во Саудиска Арабија за жените, гласеше дека имаат забрана за учество на Олимписки игри."Rice hopes Saudi women will soon compete in Olympics" , AFP, August 17, 2008 Сепак, по притисокот од Меѓународниот олимписки комитет, амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон објави дека Олимпискиот комитет на Саудиска Арабија одлучи да испрати атлетичарки во јуни на Летните олимписки игри 2012."Saudi women vie for Olympic rights", BBC, June 13, 2008

Имаше повик за Саудиска Арабија да им се забрани учеството на Олимпијада сè додека не се повлече забраната на жените учеснички Анита де Франц, претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет и Комисијата за спорт, во 2010.„Катар одлучи да прати жена атлетичар на олимписките игри во Лондон 2012, за да го зголеми притисокот врз Саудиска Арабија“ , во внатрешноста на играта, 1. јули 2010 Во 2008, Али Ал Ахмед, директорот на Институтот за Заливските прашања, исто така имаше повик кон Саудиска Арабија да им се забрани учество на игрите, поради тоа што, нивната забрана за жените да учествуваат на игрите е кршење на правилата на Меѓународниот олимписки комитет. Било изјавено дека половата дискриминација не треба да биде прифатлива на ист начин како и расната дискриминација, при што изјави: „Во последните 15 години, повеќето меѓународни невладини организации ширум светот се обидуваа да лобираат до МОК за подобро спроведување на законите за спречување на половата дискриминација. Додека неговите напори придонеле за зголемување на бројот на учеснички, МОК биле неодлучни да заземат силен став и да се заканат на земјите што ги дискриминираат учесничките при што истите би им забраниле учество на игрите.""Bar countries that ban women athletes", Ali Al-Ahmed, New York Times, May 19, 2008

Далма Ружди Малхас се има натпреварувано на Олимпијадата за младинци во 2010 година во Сингапур и го освои бронзениот медал во коњички спорт (види Саудиска Арабија на Младинските Летни олимписки игри во 2010 година).

Саудиска Арабија се согласила на 12 јули 2012 година, да прати две жени да учествуваат, на Летните олимписки игри во 2012 Лондон. Двете жени спортисти беа Војдан Шахеркани во џудо и атлетичарката на 800 метри Сара Атар. Пред јуни 2012 година, Саудиска Арабија забранување жени спортистки да се натпреваруваат на Олимписки игри. Игрите од 2012 година се првите игри во олимписката историја каде секоја земја учесничка имала натпреварувачки.

Список на медалисти

Медал Име Игри Спорт Настан Хади Ал Сомали Сиднеј 2000 Атлетика 400 метри со пречки за мажи Халед Ал Аид 2000 Sydney Коњички спорт Поединчено скокање пречки Ремзи Ал ДухамиАбдула Ал СаудКамал БахамданАбдулах Шарбатли Лондон 2012 25px Коњички спорт Екипно скокање

Медали по спортови Атлетика 0 1 0 1 Коњички спорт 0 0 2 2 Вкупно 0 1 2 3

Наводи