Врбјанска Чука — археолошко наоѓалиште во прилепското село Славеј. Претставува неолитска населба и средновековни јами. Се наоѓа на 2 км источно од селото, во кругот на ЗИК „Прилеп“, погон во селото Славеј. Се работи за тумба делумно оштетена со изградбата на некогашниот живинарник. Во 1979 и 1981 година Заводот и музеј од Прилеп извршил ископување при што е откриена населба од времето на велушко-породинската културна група, со голем број артефакти од керамика, камен, кремен и коска и култен објект – жртвеник, со димензии од 12 × 9 м, со систем од повеќе правоаголни касети со разни димензии, градени од глина и кал.Macedonia Acta Archaoelogica број 16 Темелковски Д., Миткоски А. Садова керамика од Врбјанска Чука 29-53 Откриени се и повеќе кружни јами со фрагменти од средновековна керамика и црепни, кои најверојатно служеле како силоси за чување на жито. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Пустинско — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоње, Београд 1998 Кале — неопределено наоѓалиште од непознат период; Славеј; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;
Наводи
Категорија:Славеј (село)