Виденборстел () — општина во округот Штајнбург, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Кон крајот на 2012 година со дванаесет жители по Греде претставувала втора најмала општина во Германија. Се состои од една велепоседничка куќа, со многу шуми во средина.
Географија
Селото се наоѓа 12 километри северно од Келингхузен и 10 километри западно од Нојминстер, во средиштето на природниот парк Аукруг. Вегебек тече низ општината.
Демографија
Виденборстел претставувала најмалку населена општина во Германија со само осум жители во 2010 година. Сите жители припаѓаат на исто семејство. Во 1910 година, Виденборстел имал 119 жители. Историски податоци за општините во округот Штајнбург Официјално, од 31 декември 2012 година, има 12 жители. Со тоа го загубила статусот на најмалку населена општина во Германија, губејќи го приматот од Греде (со 11 жители) и се изедначила со Дирфелд (исто така 12 жители).
Наводи
Надворешни врски
Информации на страницата на општинската заедница Келингхузен
Категорија:Штајнбург