Писател од сенка е филм во режија на Роман Полански. Главните улоги ги толкуваат: Јуан Мекгрегор, Оливија Вилијамс и Пирс Броснан.

Содржина Менаџерот успева да убеди еден успешен писател да ги доврши мемоарите на поранешниот британски премиер Адам Ланг, бидејќи неговиот долгогодишен соработник и помошник загинал во сообраќајна несреќа. Писателот заминува во куќата на Ланг, во која тој живее со сопругата Рут и со асистентката и љубовница, Амелија. Набргу, Ланг ќе биде обвинет за воени злосторства, а новинарите започнуваат да ја опсаднуваат неговата куќа.Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 17. Наводи

Категорија:Филмови со Пирс Броснан Категорија:Филмови со Јуан Мекгрегор Категорија:Филмови на Роман Полански Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2010 година