Имигрантка (англиски: The Immigrant) е американски филм од 2013 година, во режија на Џејмс Греј. Главните улоги ги толкуваат: Марион Котијар и Жоаким Феникс. Филмот е добитник на 10 награди, а имал и осум номинации, вклучително и за „Златната палма“.IMDb, The Immigrant (2013) (пристапено на 3.1.2015)

The Immigrant screened at the 2013 Cannes Film Festival Содржина Во 1921 година, во потрага по нов живот и остварување на американскиот сон, младата Полјачка, Ева Цибулски (ја игра Котијар) и нејзината сестра Магда патуваат од Полска за Њујорк. Кога пристигнуваат на островот Елис, лекарите ѝ кажуваат на Магда дека е болна и поради тоа ги разделуваат сестрите. Наеднаш, Ева се наоѓа на безмилосните улици на Менхетен, а Магда ја задржуваат во карантин. Сама и без заштита, Ева станува лесен плен за шармантниот криминалец Бруно (го игра Феникс), кој ја присилува на проституција.Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 23.

Наводи

Категорија: Филмови со Марион Котијар Категорија: Американски филмови Категорија:Филмови од 2013 година Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови на полски јазик