На 7 јануари 2015 околу 11 часот по средноевропско време тројца маскирани напаѓачи, вооружени со автоматски пушки, упаднале во седиштето на француското сатирично списание „Шарли Ебдо“ (Charlie Hebdo). Во таа прилика отвориле оган на вработените и членовите во редакцијата, како и на припадниците на полицијата кои се обиделе да интервенираат, пред да успеат да избегаат со автомобил. Напаѓачите влегле во зградата и почнале да пукаат со автоматско оружје, извикувајќи „Алаху Акбар“ (Алах е голем). За време на нападот биле испукани околу 50 куршуми. Во текот на нападот загинале најмалку 12 луѓе, вклучувајќи и два припадници на полициските сили, како главниот уредник Стефан Шарбоније и тројца водечки карикатуристи.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Терористички напади во 2015 година Категорија:Историја на Париз Категорија:Тероризам во Франција