Роберт Петковски (Скопје, – , ) ― македонски бранител, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ, учесник во Воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во заседа на 28 април 2001 во масакрот кај Вејце.

Животопис

Живот, војната 2001 и смрт

Роберт Петковски е роден на 27 август 1974 година во Скопје, но тој израснал во Бунарџик, од каде биле и неговите родители. Тој е професионален војник од 1995 година. Неколку години пред војната 2001 година, тој бил на четиримесечна посебна обука во Турција. За време на војната 2001 година постојано бил на терен.„Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002, стр. 106. Доаѓал дома многу ретко и само по два - три часа кои најчесто ги минувал во игра и прошетки со неговата ќерка.

Зад себе ја оставил својата сопруга и неговата ќерка. Родителите починаа еден месец по масакрот. Роберт Петковски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.

Поврзано

Масакр кај Вејце

Наводи

Категорија:Македонски бранители Категорија:Луѓе од Бунарџик Категорија:Припадници на Баталјонот за специјални намени