Дитмаршен (, , средновековен латински: Tedmarsgo) — округ и област во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се граничи со (од север надесно) окрузите Северна Фризија, Шлезвиг-Фленсбург, Рендсбург-Екернферде и Штајнбург, со покраината Долна Саксонија (округ Штаде, од кој е разделен од реката Елба) и со Северното Море.

Географија

мини|Мочуриште во северниот дел на Дитмаршен мини|Ваденското Море кај Бизум

Округот е сместен крај Северното Море. Го содржи естуарот на реката Елба на југ и естуарот на реката Ајдер на север. Денес создава еден вид на вештачки остров, опкружен од реката Ајдер на север и Килскиот Канал на исток и југоисток. Скоро целиот округ е рамен, кој некогаш бил огромно мочуриште.

На север се граничи со Северна Фризија и Шлезвиг-Фленсбург, на исток со Рендсбург-Екернферде и на југоисток со Штајнбург. Неговите граници останале скоро непроменети од времето на Карло Велики. Меѓутоа, со мелиорација, скоро двојно се зголемила големината на Дитмаршен со земјата земена од морето.

Важни градови се Хамбург и Ицехо на југ, Хузум на север и Кил и Рендсбург на исток. Главните патишта и железнички линии во Шлезвиг-Холштајн следат насока север-југ, правејќи го Хамбург најдостапен град.

Округот има максимална должина од 54 километри во насока север-југ и должина исток-запад од 41 километар. Највисока точка, близу Шрум, е 78 метри над морето, а најниската точка, близу Бург, е 0,5 метри под морето.

Пејзажот на Дитмаршен се должи на Северното Море. Од запад кон исток, Дитмаршен се состои од Ваденското Море, мочуришта и блата. Северното Море имало повисоко ниво пред 6500 години отколку денес. Пред околу 4500 години започнале да се појавуваат спрудови. Подоцна, започнале да се појавуваат и мочуришта, блата и езера, зад овие спрудови кои повеќе не биле поплавувани. Откако фатиле корен првите растенија, започнала да се менува земјата. Овие мочуришта се вбројуваат меѓу најплодните во Германија. Одгледувањето на градинарски култури во Дитмаршен носи највисоки приноси во Шлезвиг-Холштајн.

Од околу век, луѓето во Дитмаршен живеел на издигнати ридови за заштита од морето. Во век започнале да градат брани за заштита на нивните пасишта и полиња. Од околу век, започнале со мелиорација од морето.

Флора и фауна

лево|мини|Влијание на ветерот врз дрвјата

Додека во горните области има помали шуми, дрвјата во мочуриштата се семстени само околу куќите или селата за заштита од ветерот. Традиционални се пониски со цел да ги заштитат обработливите површини од ветрот.

Во Дитмаршен се наоѓаат неколку блата. Специјална положба зазема „Белото блато“ (Weißes Moor), единственото блато кое се наоѓа во своевиден природен облик во Шлезвиг-Холштајн.

мини|Фока на песочен брег мини|Белолика гуска во лет

Дел од Националниот парк Шлезвигхолштајнско Ваденско Море се наоѓа во Дитмаршен. Тој е најважното станиште во округот. Овде живеат многу мекотели, кои се добредојдена храна за поголемите видови. Особено рибите го користат Ваденското Море како „градинка“, каде можат да ги научат нивните младинци за исхраната во заштитена околина. Иако многу видови на риби постојано се населени во Ваденското Море, користејќи го како зимско станиште или како место за одмор. Во Дитмаршен можат да се сретнат најразлични видови на птици. 200.000 гусковидни патки доаѓаат во август, скоро целосната колонија на патки во Северна Европа.

Три песочни брегови, Тришен, Тертиус и Блауорт се сместени во морето. Тие се едни од малкуте природни станишта на германскиот брег и од огромна важност за морските птици и фоки. По залудните обиди во 1930-тите години да се направат погодни за живот на луѓе, сега се дел од националниот парк, кој е затворен за луѓе. Многу птици кои претпочитаат влажни површини живеат во долината на Ајдер-Трене.

Историја

мини|200п|Пејзаж со овци и јагниња

Во средновековниот период, мочуришните села во Дитмаршен имале особен автономија. Соседните принцови често се обидувале Дитмаршен да го стават под нивна контрола.

По 1180 година, принц-архиепископот Зигфрид го освоил Дитмаршен, по што требало да припадне на неговата Принц-Архиепископијата Бремен, на неговиот брат Бернхард III, војвода на помладото Војводство Саксонија. На неговата нова позиција, војводата на Саксонија ја поседувал Хаделнски крај, спроти Дитмаршен на јужниот брег на реката Елба. Адолф III од Шауенбург, грофот на Холштајн, непријателски настроен кон асканиската династија, имал де факто посед на Дитмаршен. Па така, останало на Бернхард да ја поврати територијата, но не успеал, поради што му преостанало да го примора Адолф да ја прифати неговата власт во Дитмаршен.

Принц-Архиепископот Хартвиг II подготвил борба за Дитмаршен, верски припаѓајќи на Архиепископијата Бремен, но одбивајќи ја секуларната власт на Бремен. Успеал Адолф III да го отфрли неговото барање кон Дитмаршен за возврат на редовни даноци од жителите на областа. Во 1187 и 1188 година, Хартвиг и неговиот сојузник Морис I, гроф на Олденбург, го освоиле Дитмаршен. Слободните селани ветиле дека ќе му плаќаат даноци, подбивајќи му се на Хартвиг, додека не си заминал тој и неговиот војници. Дитмаршаните добиле поддршка од Валдемар, управник на Војводството Шлезвиг и бискуп на Шлезвиг. Хартвиг, должејќи даноци на Адолф III и плата на војниците на Морис I, се нашол во стапица и не можел да си дозволи втора војна.

Во 1192 година, Бремен го избрал Валдемар како негов нов принц-архиепископ. Валдемар го поздравил неговиот избор, надевајќи се дека неговата нова позиција ќе му помогне во неговиот спор со војводата Валдемар од Шлезвиг и неговиот постар брат Канут VI од Данска. Пред да седне во Принц-Архиепископијата Бремен ја добил поддршката во Дитмаршен.

Во век, Дитмаршаните се споиле во селанска република. Неколкупати соседните владетели, заедно со нивните витези и платеници се обиделе да ја потчинат независната минидржава кон феудализмот, меѓутоа, без успех. Во 1319 година, Герхард III бил поразен во Битката кај Верден. Откако Ерик IV, војвода на Саксо-Лауенбург, го нападнал Дитмаршен, Дитмаршаните го обвиниле неговиот зет, Алберт II, гроф на Холштајн-Рендсбург, за соучество, кој тогаш го искористил ова како вовед во неговиот неуспешен обид за напад во 1403 година, умирајќи од здобиените повреди во борбата. Во 1468 година, Дитмаршен се здружил со Слободниот Град Либек за да ги заштитат нивните заеднички интереси за трговија и да растечкиот феудализам во областа.Philippe Dollinger, Die Hanse [La Hanse (XIIe-XVIIe siècles); германски], p. 124. ISBN 3-520-37105-7. Дитмаршаните започнале трговија со Ливонија и соседните балтички одредишта од век, заснована на Ханзините користи од сојузот со Либек. Обете страни го обновиле нивниот сојуз неколкупати и така тој траел до последниот пораз на Дитмаршен и припојување од страна на Холштајн во 1559 година.

Во 1484 година, Магнус од Саксо-Лауенбург,Магнус бил наследник на војводата Бернхард III како осма генерација. тогашен вицерегент на Хаделнскиот крај, не успеал да им ја наметне власта на слободните фризиски селани во Вурстенскиот крај, де факто автономна област во естуарот на Везер, која била лабаво врзано со Принц-Архиепископијата Бремен.Karl Ernst Hermann Krause, "Johann III., Erzbischof von Bremen", vol. 14, pp. 183–185, here p. 184.Michael Schütz, "Die Konsolidierung des Erzstiftes unter Johann Rode", vol. II: pp. 263–278, here p. 266. ISBN 3-9801919-8-2. Ова ја засенило низата феудални обиди да се освои област на слободни селани, алармантен сигнал за Дитмаршаните и слободните селани во другите мочуришта во областа.Меѓу другите биле Алтес Ланд, Хаделнски крај, Хазелдорфер Марш, Кединген и Вилстермарш, Ланд Вурстер, Бутјадинген и Штадланд, како и Штединген, Ланд Вирден. Cf. Karl Ernst Hermann Krause, "Johann III., Erzbischof von Bremen", vol. 14, pp. 183–185, here p. 184.

Во април 1499 година, грофот Јохан XIV од Олденбург ги нападнал мочуриштата долж Везер и Северното Море, Штадланд и Бутјадинген, обете на Принц-Архиепископијата Бремен, со цел да ги потчини тамошните слободни селани. Потоа, бременскиот принц-архиепископ Јохан Роде се обидел да создаде сојуз за да ги одврати овие и да спречи понатамошни напади, здружувајќи се со градовите Бремен, Хамбург и Штаде, кои ги сметале областите низводно од реките Елба и Везер како нивна територија важни за нивните слободни поморски трговски врски. Роде исто така ги придобил Дитмаршаните за одбранбен сојуз во корист на Вурстен, склучен на 1 мај 1499 година.Elke Freifrau von Boeselager, "Das Land Hadeln bis zum Beginn der frühen Neuzeit", vol. II: pp. 321–388, here p. 332. ISBN 3-9801919-8-2.

На 1 август, сојузниците, сега и Букстехуде, започнале да снабдуваат 1.300 војници и опрема за одбрана на Вурстен и за напад на Хаделн. Веќе на 24 ноември 1498 година, Јохан V и неговиот син Магнус од Саксо-Лауенбург се здружиле со Хајнрих IV Постариот од Брауншвајг и Линебург за да го освојат Вурстен. Хајнрих IV се обврзал да испрати 3.000 војници, кои требало својата плата да си ја добијат преку грабежи на слободните селани на Вурстен, откако претходно успешно би го освоиле.

Потоа, Роде покренал освета против Јохан V од Саксо-Лауенбург на 9 септември 1499.Michael Schütz, "Die Konsolidierung des Erzstiftes unter Johann Rode", vol. II: pp. 263–278, here p. 267. ISBN 3-9801919-8-2. Сојузничките сили, Дитмаршаните го нападнале преминот на Елба, лесно го освоиле Хаделнскиот крај, поразувајќи го Магнус и дури исфрлајќи го од Хаделн.Heinz-Joachim Schulze, "Johann III. Rode", vol. 10, pp. 480seq., here p. 480.

Додека градовите сакале мирна завршница без силно влијание на било кого, Дитмаршаните биле повеќе за автономија на слободните селани. Хамбург и Дитмаршаните се разделиле. На 16 септември витез најмен од Хамбург го убил Корт фон дер Лит, член на бременскиот министеријал, предизвикувајќи го Отерндорфската побуна.Elke Freifrau von Boeselager, "Das Land Hadeln bis zum Beginn der frühen Neuzeit", vol. II: pp. 321–388, here p. 333. ISBN 3-9801919-8-2. Хамбуршките витези тогаш ги нападнале Дитмаршаните и убиле 76 лица во нивниот воен камп близу Отерндорф. Така, Дитмаршен го откажал сојузот со Роде, Бремен и Хамбург и Дитмаршаните се вратиле дома. Хамбург сакал да ја поврати власта во Хаделн, кој го поседувал од 1407 до 1481 година, кога Саксо-Лауенбург го заложил Хаделн на Хамбург како покритие за кредит. Поѕоа, врската помеѓу Дитмаршен и Хамбург тогаш станала ледена, Дитмаршаните ги зазеле потопените бродови на Хамбург и нивниот товар, кои се наоѓале на или близу брегот на Дитмаршен, според традиционалниот обичај за заземање, кој порано го имале двете страни. Страните се помиреле во 1512 година.

До 20 ноември 1499 година, Магнус ја најмил т.н. „Голема“ или „Црна гарда“ на 6.000 безмислосни и насилно Холанѓани и Источни Фризи, предводени од Томас Сленц. Црната гарда ја нападнале Принц-Архиепископијата Бремен, поминувајќи низ неа и уништувајќи област во Верден и Кнежевството Линебург-Целе, оставајќи зад себе пустош и ограбени манастири.Karl Ernst Hermann Krause, "Johann III., Erzbischof von Bremen", vol. 14, pp. 183–185, here p. 185seq.Michael Schütz, "Die Konsolidierung des Erzstiftes unter Johann Rode", vol. II: pp. 263–278, here pp. 267seq. ISBN 3-9801919-8-2.

На крај, на Божиќ пристигнале низводно од Везер во Лее, кога се обиделе да го освојат Вурстер, меѓутоа, слободните селани им возвратиле на нивните напади близу Ведеварден на 26 декември.Karl Ernst Hermann Krause, "Johann III., Erzbischof von Bremen", vol. 14, pp. 183–185, here p. 185.Michael Schütz, "Die Konsolidierung des Erzstiftes unter Johann Rode", vol. II: pp. 263–278, here pp. 268. ISBN 3-9801919-8-2. Така, гардата се упатиле североисточно, ограбувајќи го манастирот Нојенвалде, во Хаделн, совладувајќи го заедничките сили на Роде и градовите — недостигајќи поддршка на бремиските витези и Дитмаршаните — повторно освоени за Магнус кон почетокот на 1500 година.