Народноста на македонските Словени (германски: Das Volksthum der Slaven Makedoniens) е научна студија за македонскиот народ, објавена во 1890 година во Виена, автор на студијата е македонологот Карл Хрон Karl Hron: Das Volksthum der Slaven Makedoniens, Wien, 1890. Хрон студијата ја завршил во декември 1889 година Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 39.. Како повод за пишување на оваа книга, послужиле две публикации за Македонија од 1889 година: Топографско-етнографски преглед на Македонија од Стефан Верковиќ и Македонија и Стара Србија од Спиридон Гопчевиќ. Двете книги се посветени на Македонија, но со различни гледишта Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 44.. Особености Истражувања Хрон во скратен вид ги набележал резултатите од испитувањата на Верковиќ, а во најголемиот дел од својата студија дава критичка и полемичка проценка за гледиштата на Гопчевиќ . Во предговорот, како и во поголемиот дел на деветте поглавја, Хрон критички се осврнал и ги побил наводите на Гапчевиќ по низа прашања поврзани со историјата и јазикот на македонскиот народ. Во предговорот Хрон истакнал:

Во своите истражувања за македонскиот народ, авторот се потпрел врз своите емпириски проучувања собрани во Македонија, како и врз истражувањата на други научници. Од областа на филологијата се придружил кон гледиштата на Ф. Миколошич и на студиите за македонскиот јазик на Петар Драганов Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 45.. Од областа на историографијата ги придружува трудовите на Константин Јиречек, од патопиците ги зел предвид Хан, Барт и др. Во разработката на студијата, Хрон тргнал од две позиции: јазична и историска гледна точка.

За македонскиот јазик Хрон направил длабока анализа на специфичностите, особеностите и финесите на македонскиот јазик и македонските говори. Тој се осврнал на одликите на македонскиот јазик со цел да докаже неговата специфична особеност како посебен јазик. Во определувањето на неговата особеност Хрон бил доста категоричен и истакнал:

За македонскиот народ Хрон ја проследил историјата на Македонија од населувањето на Словените, па сè до крајот на 17 век. Тој ги подвлекол карактеристичните особености од развитокот на македонскиот народ, особено Самуил и неговата држава, богомилското движење и создавањето на Охридската патријаршија, односно архиепископија. Хрон истакнал дека:

Одглас Студијата на Хрон, најпрво нашла одглас во дневниот печат. Весникот Македонија под уредништво на Коста Шахов, го регистрирал објавувањето на оваа студија со соопштение од 27 јануари 1890 година, пренесувајќи го истото од весникот Filipolis Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 49.. Во сопштението биле изнесени делови од најважните гледишта за самобитниот развиток на македонскиот народ, со набележување дека Хрон бил новоначнувачки македонолог Гане Тодоровски, Весникот Македонија на Коста Шахов (1888-1891). Разгледи, јуни 1965, 1012-1013.

По излегувањето на студијата, Гопчевиќ објавил брошура под наслов Вистината за Македонија. Во неа Гопчевиќ остро го нападнал Хрон, поради неговите погледи за одделноста на македонскиот народ и посебноста на неговиот јазик Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 50.. Јаков Слишковиќ во својата студија Албанија и Македонија, во излагањето на теориите за потеклото на Македoнците истакнал дека:

Извори

Категорија:Карл Хрон Категорија:Книги за Македонија Категорија:Извори за македонскиот идентитет