Марко Симоновски (роден на во Скопје) — македонски кошаркар и репрезентативец. Тој е играч на Кузестан.
Професионална кариера Симоновски својата кошаркарска кариера ја започнал во 2007 година во екипата на Вардар од Скопје.
Во 2015г., Симоновски за првпат станал освојувач на Првенството, кога бил член на МЗТ Аеродром.МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула! ekipa.mk 2 јуни 2015„Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015 На крајот на ноември 2015 година, Симоновски и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот.Почна ремонтот во Аеродром: Репрезентативецот Симоновски договорно си замина од МЗТ Аеродром! sportmedia.mk 26 ноември 2015Започна „ремонтот“: Симоновски замина од МЗТ Аеродром ekipa.mk 26 ноември 2015После Синадиновиќ, МЗТ се раздели и со Симоновски sport365.mk 26 ноември 2015 На крајот на декември 2015 година, тој потпишал за Куманово.Новогодишна честитка за кумановци: Потпиша и Марко Симоновски ekipa.mk 24 декември 2015Новогодишно пакетче: Симоновски и официјално е нов член на Куманово! sportmedia.mk 24 декември 2015Официјално: Симоновски е нов кошаркар на Куманово sport365.mk 24 декември 2015 Во јули 2016 година, Симоновски преговарал со МЗТ Аеродром.Марко Симоновски се врати во МЗТ ekipa.mk 4 јули 2016По Симоновски, во МЗТ повторно загреани за Трајковски sportmedia.mk 5 јули 2016 Истиот месец, тој се здобил со повреда на грбот.Неизвесноста околу Симоновски продолжува sportmedia.mk 22 јули 2016 На крајот на август 2016 година, тој официјално потпишал со МЗТ.МЗТ го официјализираше Марко Симоновски sportmedia.mk 29 јули 2016МЗТ потврди: Симоновски се врати во Аеродром ekipa.mk 29 јули 2016Симоновски потпиша нов договор со МЗТ Аеродром sport365.mk 29 јули 2016 Таа сезона, 2016/17, тој повторно станал првак со МЗТ во кој бил капитен. За сезоната 2018/19, Симоновски продолжил во редовите на МЗТ Аеродром. Таа сезона, Симоновски го освоил македонското првенство. Симоновски продолжил во МЗТ и за сезоната 2019/20. Но во ноември, Симоновски и МЗТ спогодбено го раскинале договорот. За сезоната 2020/21, во средината на јули 2020 година, тој потпишал договор со Кожув.
Кошаркарска репрезентација на Македонија Симоновски е исто така член на Кошаркарската репрезентација на Македонија. Тој се натпреварувал со селекцијата на Евробаскетот 2011, каде освоиле четврто место, нивни најдобар пласман на континенталното првенство. Со репрезентацијата обезбедил пласман на Евробаскетот 2015. За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Симоновски бил осмиот играч со најмногу бодови во македонската репрезентација односно имал 29 бода на пет натпревари (5,8 по натпревар).Accumulated Stats eurobasket2015.org Летото 2017 година, за време на репрезентативните подготовки, Симоновски се повредил. Бидејќи не бил осигуран од страна на МКФ, во октомври истата година, Агенцијата за млади и спорт одлучила да му ја исплати оштетата поради повредата. Симоновски бил вклучен во претквалификациите за Евробаскетот 2021. Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Симоновски. Потоа во февруари, тој бил избран во составот на репрезентацијата.
Успеси
Титули Работнички Куп на Македонија (1) : 2011
МЗТ Аеродром Прва македонска лига (3) : 2014/15, 2016/17, 2018/19 Куп на Македонија (1) : 2018 Суперкуп на Македонија (2) : 2015, 2016
Признанија Дебитант на сезоната 2007/08 Дебитантска петорка на сезоната 2007/08 Eurobasket.com - Особен придонес во сезоната 2013/14 Eurobasket.com - Најкорисен играч на финалето во лигата 2014/15 Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2014/15 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2014/15 Eurobasket.com - Трета најдобра петорка од лигата 2015/16 Eurobasket.com - Најдобра домашна петорка од лигата 2015/16 Особен придонес во сезоната 2017/18
Наводи
Надворешни врски Профил на Марко Симоновски на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Скопје Категорија:Кошаркари на КК Работнички Категорија:Кошаркари на КК МЗТ Скопје Категорија:Кошаркари на КК Тиквеш Категорија:Кошаркари на КК Кожув Категорија:Кошаркари на КК Вардар