Радое Домановиќ (Овсиште кај Топола, - ) — најистакнат писател на сатирични приказни во епоха на реализмот во српската книжевност.
Кога го завршил филолошкиот факултет на Високата школа во Белград, работел како професор по српски јазик и книжевност и историја. Политички бил активен како писател и публицист, соработник на опозициските весници.
Неговата професорска работа е типична за напреден интелектуалец во тоа време: постојано е отпуштан од работа, преместуван е од едно на друго место, за на крај да заврши како коректор на државните весници. Припаѓал на боемскиот круг со Милован Глишиќ и Јанко Веселиновиќ. Пред крај на неговиот живот, длабоко разочаран, живеел во тешка положба, во беда и немаштија, и умрел напуштен и очаен.
Дела За животот објавил Приказни (1899), потоа Чича Мита од народот, Прекинување на страстите и останати приказни (1902), Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите, Данга, Водач (1902), Три приказни за младината (1903) и Приказни (1905).
Негови најзначајни дела се: Страдија Данга Водач Кралевиќ Марко по вторпат меѓу Србите Размислување на еден обичен српски вол Мртво море Прекинување на страстите
Надворешни врски Собрани раскази на Радое Домановиќ (срп.) (мак.) Приказна „Водач“ (мак.)
Категорија:Луѓе од Топола Категорија:Српски писатели Категорија:Српски афористи Категорија:Српски писатели на научна фантастика Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Починати од туберкулоза