Макс Теодор Феликс фон Лауе (, - ) — германски физичар кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1914 г. за неговото откритие за дифракција на X-зраците при премин низ кристал. Покрај неговиот научен напор за придонес во оптиката, кристалографијата, квантната теорија, суперпроводливоста, и теоријата за релативноста, тој имал и голем број на административни позиции кои ја унапредиле и помогнале германскиот развој и наука во текот на четири децении. Како силен заговарач против Националсоцијализмот, исто така тој помогнал во повторното воспоставување на мирот и реорганизацијата на Германија, по Втората светска војна.
Животопис
Детство и образование Лауе е роден во Фафендорф, денешен Кобленц, од Џулиус Лауе и Мина Зеренер. Во 1898 г. по положувањето на неговата матура во Стразбур, започнал да го отслужува задолжителниот едногодишен воен рок, по што ги започнал своите студии по математика, физика и хемија, на Стразбуршкиот Универзитет, Гетингенскиот Универзитет, и Минхенскиот универзитет Лудвиг Максимилијан во 1899 г. Во Гетинген, на него влијаеле физичарите Волдемар Воигт и Макс Абрахам како и математичарот Давид Хилберт. По само еден семестар во Минхен, тој заминал на Хумболтовиот универзитет во 1902 г. Таму бил школуван од Макс Планк, кој ја започнал квантната револуција на 14 декември 1900 г, кога го поднесол неговиот славен документ пред Германското здружение на физичари.van der Waerden, B. L. (ed.) (1968) Sources of Quantum Mechanics. Dover. ISBN 048645892X. p. 1. Cited in Hans Kango, editor, and translated by D. ter Haar and Stephen G. Bush Planck’s Original Papers in Quantum Physics: German and English Edition (Taylor and Francis, 1972) p. 60. Во Берлин, Лауе присуствувал на предавањата на Ото Лумер за топлинското зрачење и интерферентна спектроскопија ,чиешто влијание може да се види во Лауевата теза за интерферентните појави кај планпаралелни плочи, со која што докторирал во 1903 г.Max von Laue – Mathematics Genealogy Project. Max von Laue, Ph.D., Universität Berlin, 1903, Dissertation title: Über die Interferenzerscheinungen an planparallelen Platten. Подоцна Лауе во период од 1903 г. до 1905 г. го поминал во Гетинген. Лауе ја завршил својата хабилитацијаHabilitation title: "Über die Entropie von interferierenden Strahlenbündeln" во 1906 под водство на Арнолд Зомерфелд во ЛМУ.Walker, p. 73Max von Laue – American Philosophical Society Author CatalogMax von Laue – Nobel Prize BiographyHentschel, 1996, Appendix F, see entry for Max von Laue.Max von Laue Biography – Deutsches Historisches Museum Berlin
Кариера Во 1906, Лауе станал доцент во Берлин како асистент на Планк. Тој таму го запознава и Алберт Ајнштајн за првпат и станале другари со Лауе кој ја прифатил и распостранил Ајштајновата теорија за релативноста. Лауе му бил асистент на Планк сè до 1909 г. Во Бернлин, работел на примената на ентропијата на зрачните полиња и на значењето на термодинамиката на кохерентноста на светлинските зраци.
Од 1909 г. до 1912 г, Лауе бил доцент во Институтот за теорија на физиката под водство на Арнолд Зомерфелд, во ЛМУ. Во текот на Божиќните празници во 1911 г. и во јануари 1912 г., Паул Петар Евалд го завршил пишувањето на неговата докторска теза, заедно со Зомерфелд. При прошетката во јануари низ Англиската градина во Минхен, Евалд му раскажал на Лауе за неговата теза. Должините на брановите кои биле од интерес за Евалд, биле во видливата област на спектарот а со тоа и на многу поголемо растојание меѓу резонанаторите во Евалдовиот кристален модел. Лауе бил збунет и сакал да дознае каков ќе биде ефектот ако се земат предвид многу помали бранови должини. Во јуни, Зомерфелд пријавил во Друштвото на физичарите во Гетинген, дека Лауе заедно со Паул Книпинг и Валтер Фридрих извеле успешна дифракција на x-зраците, за што Лауе бил награден со Нобелова награда за физика, во 1914 г. Додека престојвал во Минхен во периодот од 1910 г. до 1911 г, тој го напишал првиот том од неговата книга за релативноста.
Во 1912 г, Лауе бил повикан на Циришкиот универзитет како извонреден професор по физика. Во 1913 г, неговиот татко се стекнал со титула како наследен дворјаник, па затоа Лауе подоцна станал 'Макс фон Лауе'.
Од 1914 до 1919 година, Лауе се школувал на Франкфуртскиот Универзитет како вообичаен професор по теориска физика. Во 1916, бил зафатен со развој на вакуумска цевка, на Вурцбуршкиот универзитет, изум кој нашол примена во воената телефонија и безжична комуникација.
Во 1919, Лауе бил повикан на Берлинскиот Универзитет како обичен професор по теориска физика, позиција која ја имал сè до 1943, кога му одредиле да се пензионира, со негова согласност, една година пред вистинското време за пензионирање. Во Универзитетот во 1919, други истакнати физичари биле Валтер Нернст, Фриц Харбер и Џејмс Франк. Лауе, како еден од организерите на неделниот Берлински колоквиум за физика, типично седел во првиот ред до Нернст и Ајнштајн, коишто доаѓале од Кајзер Вилхелмовиот институт за физика во Берлин, Дахлем, каде што тој бил директор. Значајни студенти на Лауе на Универзитетот биле Лео Силард, Фриц Лондон, Макс Кохлер, и Ерна Вебер. Во 1921, тој го објавил вториот том на неговата книга за релативноста.Max von Laue – Mathematics Genealogy Project
Како советник во државната Физичко-технолошка установа, Лауе го запознал Валтер Мајснер кој во тој момент работел на суперпроводливоста. Мајснер открил дека слабото магнетно поле се намалува брзо до нула во внатрешноста на суперпроводникот, појава која денес е позната како Мајснеров ефект. Лауе покажал во 1932 г. дека јачината на магнетното поле која е потребна за да се поништи суперпроводливоста се менува според обликот на телото. Лауе објавил вкупно 12 документи и книга за суперпроводливоста. Еден од документите бил направен во координација со Фриц Лондон и неговиот брат Хајнц Лондон.Max von Laue Biography – University of Frankfurt on MainFritz London Publications – Duke University Мајснер објавил биографија за Лауе во 1960 година.
Кајзер Вилхелмовиот институт (Денес: Макс Планков институт бил основан во 1911 година. Негова цел било да ја промовира науката со создавање и одрќување на истажувачки институти. Еден таков институт бил Кајзер Вилхелмовиот институт за физика основан во Берлин во 1914 година, при што Ајнштајн бил назначен како директор. Лауе бил соработник на Институтот во 1917, а во 1922 тој бил именуван за заменик директор, Лауе ги вршел административните задолженија на Ајнштајн. Ајнштајн заминал во странство кога Адолф Хитлер станал канцелар во јануари 1933 година, и повеќе не се вратил во Германија. Лауе тогаш станал главен директор, позиција која ја имал до 1946 или 1948, со исклучок на периодот од 1935 до 1939 година, кога Петар Дебај бил директор. Во 1943, за да избегне смртта на персоналот, КВИФ се префрлил во Хехинген. Во Хехинген Лауе ја напишал својата книга за историјата на физиката Geschichte der Physik, која била преведена на уште седум други јазици..Hentschel, 1966, Appendix F, see entries for von Laue and Debye.Hentschel, 1966, Appendix A, see entries for KWG and KWIP.
Отпор против нацизмот Лауе бил противник на националсоцијализмот а посебно на нивната германска физика т.е. прогонување на Евреите, како и прогласувањето на Ајнштајновата теорија за релативноста како Еврејска физика. Лауе и неговиот близок пријател Ото Хан тајно им помагале на научниците кои им биле колеги и кои биле прогонувани од националсоцијалистичката полиција, да емигрираат од Германија. Лауе дури и отворено и се спротивставувал на полицијата. Обраќањето на 18 септември 1933 г. на отворањето на собирот на физичарите во Вурцбург, спротивставувајќи му се на Јоханес Штарк, како и пишувањето на некрологот на Фриц Хабер во 1934 година, и присуствувањето на прославата за Хабер се примери кои јасно ја прикажуваат храброста на Лауе и неговото отворено спротивставување: Лауе, шеф на Германското друштво на физичарите, имал јавно обраќање во 1933 година при собирот на физичарите. Во својот говор, го споредил прогонувањето со она на Галилео и неговите научни погледи за сончевата теорија на Коперник ги споредил со конфликтот и прогонувањето од страна на застапниците на германската физка во однос на теоријата за релативноста и работата на Ајнштајн која ја нарекле „Еврејска физика“. Јоханес Штарк, кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1919 година, сакал да стане фирер на германската физика цел поради која бил поборник за германската физика. И покрај несогласноста од прашаните, Штарк бил назначен за Претседател на ПТР во мај 1933 г. Но сепак, Лауе успешно го блокирал членството на Штарк во Пруската акадмија на науките. Хабер ја добил Нобеловата награда за хемија во 1918 г. Покрај оваа и многу други придонеси за Германија ,тој бил присилен да емигрира од Германија како резултат на законот за обнова на професионалниот граѓански должности, којшто ги принудил евреите да ги напуштат своите работни места. Лауевиот некролог и пофалбата кон Хабер и споредувањето на неговото присилно иселување со она Темистокле од Атина, било директна навреда на националсоцијалистичката полиција. Во соработка со Хабер, Макс Планк и Ото Хан, Лауе организирал собир во Берлин на 29 јануари 1935 година, за годишнината на Хаберовата смрт – која била строго забранета од владата. Додека многу од научниот и техничкиот кадар бил претставен од нивните жени, Лауе и Волфганг Хојбнер биле единствените професори кои присуствувале таму.Hentschel, 1996, Document #29, pp. 76–78: See Footnote #3.Hentschel, 1996, Document #120, pp. 400–402: A letter from Lise Meitner to Otto Hahn. Ова било уште една шлаканица на Лауе за националсоцијализмот. Датумот од годишнината на смртта на Хабер била еден ден пред вториот роденден на националсоцијализмот да ја зграби моќта во Германија, со што дополнително била зголемена навредата преку одржување на овој настан.
Говорот и некрологот на Лауе предизвикале владините власти да возвратат со казни. Понатамошно, како одговор на ветото на штарковото членство во Пруската академија на науките од страна на Лауе, Штарк, во декември 1933 г, ја укинал позицијата на Лауе како советник во ПТР, која Лауе ја држел од 1925 г. Главите 4 и 5, во Велкеровата Нацистичка наука: мит, вистина, и атомската бомба, ја прикажуваат подетално борбата на Лауе и Планк против преземањето на Пруската академија на науките од страна на нацистите.Walker, pp. 65–122Hentschel, 1966, Appendix F, see entries for Max von Laue, Johannes Stark, and Fritz Haber.Hentschel, 1966, Appendix A, see entry for the DFG.
Сокриена Нобелова награда
Кога нацистичка Германија ја окупирала Данска во Втората светска војна, унгарскиот хемичар Ѓерѓ де Хевеши ја разложил златните Нобелови награди на фон Лауе и Џејмс Франк во царската вода за да го спречат нивното запленување од страна на нацистите. Во тој период, било илегално да се изнесува злато од земјата, и доколку откриле дека Лауе го направил тоа, истиот би можел да се соочи со гонење во Германија. Хевеши го поставил растворот на полица во неговата лабораторија во институтот Нилс Бор. По војната, се вратил и го нашол растворот на истото место и го издвоил златото од киселината. Нобеловото друшто повторно ги излеало наградите со оригиналното злато.Adventures in radioisotope research – the collected papers of George Hevesy, 1962, Pergamon Press, New York
По војната На 23 април 1945 г., француската војска навлегла во Хечинген, за наредниот ден да пристигне и мисијата Алсос – мисија која ја истражувала германската јадрена програма, како и нудење на заштита на германските научници за истите да не бидат заробени од советските сили. Научникот советодавец на операцијата бил германско-американскиот физичар Семјуел Гаудсмит, кој, носејќи челичен шлем, се појавил пред домот на Лауе. Лауе бил притворен во Хантингдон, Англија, и со други научници стажирал во операцијата ипсилон, чија цел било да се врши јадрено истражување.