мини|десно|Предната влезна порта од Капан ан Капан ан — деловен и угостителски објект и поранешен ан и карвансарај во Скопје, којшто е сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Изграден е по наредба на Иса-бег во втората половина на XV век, а како ан работел до Втората светска војна.Лидија Кумбараџи-Богоевиќ: „Османлиски споменици во Скопје“, Скопје, 1998. По обновувањето во 1974 година се користи како објект за деловни и угостителски цели.

Потекло на поимот Анот, името го добил од арапскиот збор „капан“ (арапски: kabban), кој се однесувал на големиот јавен кантар којшто бил сместен во или пред неговите порти и служел за мерење на стоката.Капан ан во Скопје, „Гласник на ИНИ“, бр. 3, Скопје, 1976.

Историја мини|десно|180п|Внатрешноста на Капан ан Капан ан бил изграден во втората половина на XV век, по наредба на третиот отомански управител, Иса-бег. За првпат се споменува во вакуфнамата на Јаја-пашината џамија во 1506 година. Низ историјата, одиграл голема улога во развојот на сообраќајната трговија, бидејќи претставувал место во коешто преноќувале трговски патници од многу далечни места. Анот бил разрушен со земјотресот во 1555 година, а потоа и во пожарот од 1689 г, по што бил реконструиран на доста попрост начин, со дрвена конструкција, а од првобитниот изглед се зачувани само неговите долни делови.Капан ан, Проект „Стара скопска чаршија“. Како ан работел сè до Втората светска војна. Во земјотресот од 1963 г., објектот, речиси, целосно бил разрушен и бил обновуван во периодот од 1971 до 1973, по што бил повторно пуштен во употреба во 1974 година. Денес, во него се сместени дуќани, меани и деловни канцеларии.

Архитектура Објектот претставува правоаголна градба со површина од 1.066 м2, којашто однадвор е целосно затворена и содржи голем квадратен двор во внатрешноста.Ayverdi Ekrem Hakki, Avrupa’da Osmanlx Mimarx Eserleri. Yugoslavya, lll cild, 3. kitab, Istanbul, 1981. Има вкупно 44 простории, кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните карвани. Собите биле подредени во низа и распределени на приземјето и катот, од сите четири страни. На катот има дрвен трем на сите четири страни, на чии дрвени столбови е подигнат кровот. Кон анот водат два влеза, на јужната и северната страна, во кои се влегува преку дрвени врати. Делот од чаршијата околу анот бил наречен Капан чаршија, а пред анот имало и чешма наречена Капан чешма.

Поврзано Стара скопска чаршија.

Наводи

Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Категорија:Стара скопска чаршија Категорија:Исламска уметност во Македонија Категорија:Отомански карвансараи во Македонија