мини|десно|250п|Улица во с. Амолјани. Амолјани или Амулјани () — остров и село во Лариговско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото Амолјани брои 529 жители (2011).
Географија Островот се наоѓа во северозападниот крај на Светогорскиот Залив, меѓу вториот и третиот крак на полуостровот Халкидик. Оддалечен е 3 морски милји од пристаништето Трипити на Светогорскиот Полуостров.
Потекло на името Името води потекло од македонскиот поим *Молјане од топонимот или хидронимот Мол, изведен од мол-, во подмол, „дупка во брег под водата“. Од овој корен се поимот мил (слично на тиња) и имињата на селата во Вардарска Македонија како Подмол (во Прилепско) и Подмоље (во Охридско). Сето ова укажува на словенското/македонското минато на островот.
Историја Островот во минатото бил метох (посед) на еден од светогорските манастири. Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1860 г.
По Балканските војни во 1913 г. островот е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1922 г. тука се доведени грчки доселеници од Мала Азија и островите Мраморното Море — Галими, Пасалимани и Скупија. Во 1928 г. Амолјани е заведено како доселеничко место со 496 жители од 145 семејства.
Во 1940 г. Амолјани имало 613 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 536. Во 1961 г. броело 554 лица, а во 1971 г. имало 554 жители, за во 1981 г. да се смалат на 449. На пописот од 1991 г. е забележан пораст на 606 жители, но населението подоцна повторно опаднало, и тоа на 542 во 2001 и 529 во 2011 г.
Население
Стопанство Покрај рибарството, маслинкарството и овоштарството, населението се занимава со туризам, кој е најдоходовната гранка.
Поврзано Црква „Св. Никола“ Егејски Острови
Наводи
Надворешни врски
Портал на Амолјани
Категорија:Острови во Егејска Македонија Категорија:Острови во Северниот Егеј Категорија:Аристотел (општина)