Адријан Гаџа (роден на 13 февруари 1984) - македонски пејач, текстописец и продуцент од албанска националност.

Животопис

Ран живот Адријан Гаџа е роден на 13 февруари во Скопје од татко Албанец и мајка Македонка. Започна да свири на виола уште како мало дете и заврши средно музичко училиште. Моментално студира англиски јазик во Скопје.

Kaриера 2001-2008 Гаџа започна со пеење во 2001 година на албанскиот музички фестивал Nota Fest. Таму, тој ја освои првата награда, каде за првпат дебитант освојува прва награда од жирито и публиката. За кратко време, Адријан стана популарен пејач во Македонија, Албанија и Косово. До денес има снимено четири албуми, три на албански и еден на македонски јазик.

Неговите настапи најчесто вклучуваат танцувачки вештини во кореографијата. Исто така, има учествувано и на фестивали како Videofest во Приштина, Макфест во Штип, и ја освои првата награда на Охрид Фест. Во 2006, заврши втор на скопскиот фестивал за песна на Евровизија со песната Љубов е, заедно со Есма Реџепова.

2008: Евросонг 2008 Toj ja претставуваше Македонија Participating member of EBU на Евровизија 2008, изведувајќи ја песната "Let Me Love You" заедно со Тамара Тодевска и Врчак. Песната не успеа да се пласира во финале, завршувајќи 10-та со 64 бода.

2008 до сега

Од 2008, Адријан се фокусира со пеење на албански јазик и албански пазар. Учествуваше на Kënga Magjike 2012, со Флоријан Беќири и на "Ngjyra e kuqe" (Црвена боја) и се плариа 10-ти. Песната беше голем хит на радио и на социјалните мрежи, особено на Јутјуб каде има над 8 милиони прегледи. После фестивалот, ја објави песната "Kjo zemër" (Ова срце), која стана исто популарна.

Дискографија

Албуми Thuaj Mamit 300 Години (2008) E Brenduar (2010)

Песни "Во име на љубовта" (Тамара Тодевска, Врчак & Адријан Гаџа) "Sa Sexy" "Недопирлива" (со Врчак) "Токсична" (со Врчак & Роберт Билбилов) "Ti Tani" (со Snow Black) "Skandali" "Заробена" (Охридфест 2009) "Ngjyra e Kuqe" "Kjo zemër" "Oj ti cike"

Наводи

Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Македонски Албанци Категорија:Македонски поп-пејачи Категорија:Учесници на Евровизија