мини|десно|Внатрешниот двор на познатиот Куршумли ан во Скопје десно|мини|Бујук-анот во Никозија, Кипар мини|десно|Анот ел-Везир во Алеп, Сирија мини|десно|Надворешноста на Капан ан во Скопје Ан (од „han“ — Турско-македонски речник) или конак — вид гостилница и преноќиште од османлиско време за патниците и нивните каравани. Овие згради имаат штала за коњ, внатрешен двор, соби за патниците, гостилница (меана) и простории за анџијата.
Опис Зградата е напраевна од камен и има правоаголна основа, при што приземниот дел е висок 2-2,5 м. Портата е достатно висока за низ неа да помине коњ со товар. Во анот имало едно до две огништа. Постоеле анови со заеднички ноќевалишта и со посебни соби. Посебните соби биле подобро опремени, со ќилими, серџади и миндери. Креветите, масите и столиците почнале да се користат дури на крајот од XIX век. Осветлувањето било на лоени свеќи. Пред анот стоела софа, на која одморале минувачите. Во некои анови, шталата била одвоена од самиот ан.
Анови во Македонија Скопје Капан ан Куршумли ан Сули ан Ѓаковечки ан
Места на речени по анови Ан (Русиново) Анови (Србиново) Маврови Анови Стари Анови (Белче)
Поврзано Карвансарај Османлиска архитектура Список на анови во Македонија
Наводи
Надворешни врски Куршумли ан на порталот на Старата скопска чаршија Сули ан на порталот на Старата скопска чаршија Капан ан на порталот на Старата скопска чаршија Ѓаковечки ан на порталот на Старата скопска чаршија
Категорија:Отоманска архитектура Категорија:Отоманска архитектура во Македонија Категорија:Отомански карвансараи во Македонија Категорија:Карвансараи Категорија:Туристичко сместување Категорија:Турски зборови Категорија:Арапски зборови Категорија:Турцизми