БИБЛ сезоната 2014/15 позната и како ЕВРОХОЛД Балканска Лига 2014/15 поради спонзорски причини било 7. издание на Балканската Кошаркарска Лига. Десет екипи од Македонија, Бугарија, Црна Гора, Косово, Романија и Албанија се натпреварувале. Во оваа сезона првак бил Сигал Приштина. Екипи Држава Бр.на екипи Екипи'' Црна Гора 3 Теодо Сутјеска Морнар Македонија 2 Куманово 2009 Кожув Косово 2 Пеја Сигал Приштина Бугарија 1 Рилски Спортист Романија 1 СЧМ У Крајова Албанија 1 Влазниа

Формат

Прва групна фаза Во првата групна фаза екипите биле поделени во две групи, секоја содржејќи пет екипи. Секоја екипа играла против екипите во групата на дома и на гости. Освојувачите на првите четири места во групите обезбедиле пласман во втората групна фаза. Натпреварите се играле од 14 октомври 2014г. до 28 јануари 2015г.

Втора групна фаза Во втората групна фаза екипите си ги задржале резултатите од првата фаза, односно бодовите од противникот кој исто така обезбедил пласман. Првиот и четвртиот од едната група се сретнал со вториот и третиот од другата група и играле дома и на гости. Освојувачите на групите обезбедиле директен пласман на Завршниот турнир, додека екипите кои завршиле на второто и трето место играле во третата фаза. Натпреварите се играле од 3 февруари до 4 март 2015г.

Четвртфинале Екипите кои завршиле од второто до третото место во втората групна фаза, играле два натпревари на дома и гости и така биле одлучени останатите два учесници за полуфиналето. Победникот се одлучил преку вкупниот број на бодови од двата натпревари. Полуфинале Полуфиналето се играло во два натпревари, дома и на гости. Победникот се одлучил преку вкупниот број на бодови од двата натпревари и така победниците напредувале во финалето. Финале Финалето се играло во два натпревари, дома и на гости. Победникот се одлучил преку вкупниот број на бодови од двата натпревари и така победникот станал првак на сезоната.

Прва групна фаза Група A

ЕкипаНатПобПорД.К.П.К.РазБодЗаб 1. Куманово 8 5 3 688 687 +1 13 0-2;-11 2. Рилски Спортист 8 4 4 691 686 +5 12 1-1;+8 3. Сутјеска 8 4 4 641 644 −3 12 1-1;-8 4. Пеја 8 4 4 685 666 +19 12 2-0;+11 5. Теодо 8 3 5 612 634 −22 11

Група Б

ЕкипаНатПобПорД.К.П.К.РазБодЗаб 1. Кожув 8 8 0 707 556 +151 16 2-0;+28 2. СЧМ У Крајова 8 4 4 641 606 +35 12 1-1;+8 3. Морнар 8 4 4 564 542 +22 12 1-1;-8 4. Сигал Приштина 8 4 4 690 691 −1 12 0-2;-28 5. Влазниа 8 0 8 413 620 −207 18

Втора групна фаза     Пласман во Полуфиналето     Пласман во Третото коло Група Ц

ЕкипаНатПобПорД.К.П.К.РазБодЗаб 1. Пеја 6 4 2 476 480 -4 10 2-0;+11 2. Куманово 2009 6 4 2 507 505 +2 10 0-2;-11 3. СЧМ У Крајова 6 3 3 473 439 +34 9 4. Морнар 6 1 5 463 495 -32 7

Група Д

ЕкипаНатПобПорД.К.П.К.РазБодЗаб 1. Кожув 6 4 2 498 475 +23 10 2-0;+28 2. Сигал Приштина 6 4 2 472 427 +45 10 0-2;-28 3. Рилски Спортист 6 2 4 459 497 -38 8 1-1;+8 4. Сутјеска 6 2 4 391 421 −30 8 1-1;-8

Четвртфинале Победниците од четвртфиналето се одлучувале преку вкупниот резултат од двата натпревари. Првите натпревари се одиграле на 10 и 11 март, додека вторите се одиграле на 24 и 25 март 2015 година.

Екипа #1Вкупен резултатЕкипа #2Прв натпреварВтор натпревар Рилски Спортист 198-192 Куманово 2009 97-85 101 (88)-(100) 107 СЧМ У Крајова 143-175 Сигал Приштина 73-77 70-98

Полуфинале Победниците од полуфиналето се одлучиле преку вкупниот резултат од двата натпревари. Првите натпревари се одиграле на 31 март и 1 април, додека вторите се одиграле на 7 и 8 април 2015 година.

Екипа #1Вкупен резултатЕкипа #2Прв натпреварВтор натпревар Рилски Спортист 144-129 Пеја 62-63 82-66 Сигал Приштина 165-147 Кожув 85-61 80-86 Прв натпревар

Втор натпревар

Финале Победникот од финалето се одлучил преку вкупниот резултат од двата натпревари. Првиот натпревар се одиграл на 21 април, додека вториот се одиграл на 29 април 2015 година.

Екипа #1Вкупен резултатЕкипа #2Прв натпреварВтор натпревар Сигал Приштина 154-143 Рилски Спортист 74-72 80-71 Прв натпревар

Втор натпревар

Победнички состав

име позиција националностЕдмонд АземиКрило КосовоЏордан ХулсПлејмејкерЛеонард МекајПлејмејкер КосовоДемонтез СтитПлејмејкерЏулиус КолсБекЕдин БавчиќКрилен центарМергим ЈакупиКрило КосовоДардан БеришаБек КосовоБојан ТрајковскиЦентарДритон БајрамиКрило КосовоЏулијан МавунгаКрилен центарБлерим МазрекуЦентар КосовоКујтим СадикуБек КосовоРинор ПланаКрилен центар Косово

Балканска Лига 2015 Прваци Сигал Приштина 1. титула

Главен тренер Марјан Илиевски Помошник тренер Алберт Сулејмани

Признанија Најкорисен играч на сезоната - Дардан Бериша (Сигал Приштина)Dardan Berisha is the MVP of EUROHOLD Balkan League balkanleague.net 22 април 2015 Тренер на сезоната - Росен Барчовски (Рилски Спортист)Rosen Barchovski - Best coach of season 2014/2015 balkanleague.net 24 април 2015

Наводи

Надворешни врски BIBL Официјално мрежно место

Категорија:БИБЛ лига