Луис Фиго (португалски: Luís Filipe Madeira Caeiro Figo) (4 ноември 1972, Лисабон, Португалија) - португалски поранешен фудбалер, .

Во својата кариера долга 20 години тој играл за Спортинг Лисабон, Барселона, Реал Мадрид и Интер, пред да е пензионира на 31 мај 2009 година. Фиго има 127 настапи за португалската репрезентација, и долго бил сопственик на рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата, пред да биде престигнат од Кристијано Роналдо во 2016.

Познат по својата креативност и дриблинг, Фиго бил сметан за еден од најдобрите фудбалери во неговата генерација. Неговите 106 асистенции претставуваат втор најдобар резултат во Примера Дивисион, после Лионел Меси. Тој ја освоил златната топка во 2000 година и бил избран за Играч на годината според ФИФА во 2001 година, а во 2004 година Пеле го вброил во ФИФА 100, списокот на најдобрите живи фудбалери во светот. Фиго е еден од ретките фудбалери кој играл во Ел Класико и за двете страни; Барселона и Реал Мадрид. Неговиот контроверзен трансфер во 2000 година од Барселона во лутиот соперник Реал Мадрид за 62 милиони евра бил едно време најскапиот трансфер во историјата на фудбалот."The history of the world transfer record". BBC News. Retrieved 1 May 2014

Во својата успешна кариера Фиго освоил многу трофеи од кои меѓу најважните се: Лигата на шампионите со Реал Мадрид во сезоната 2001-2002, Купот на победниците на куповите со Барселона, четирите титули во шпанското првенство (две со Барселона и две со Реал Мадрид) и четирите титули во италијанската Серија А со Интер.

Животопис Фиго е оженет со моделот Хелен Сведин, со која имаат три деца: Даниела, Стела и Мартина.

Кариера Клупска кариера Фиго ја започнал својата кариера во малиот клуб Пастиљас од Кова да Пиедаде, каде што живеел. Наскоро тој го привлекол вниманието на Спортинг Лисабон, кој го побарале да игра за нивната екипа од училишна возраст во 1984 година. Тој официјално му се приклучил на Спортинг следната година кога имал 12 години.

Своето деби за првиот тим на Спортинг го имал на 1 април 1990 година, во натпревар против Маритимо. Во 1989 година, уште пред да дебитира за Спортинг, Фиго го освоил својот прв трофеј откако со репрезентацијата го освоил Европското првенство за играчи под 16 години. Две години подоцна тој го освоил и Светското првенство за играчи под 20 години, победувајќи го Бразил во финалето, а во португалската репрезентацијата покрај Фиго тогаш играле уште и Руи Кошта и Жоао Пинто. Својот прв и единствен трофеј со Спортинг го освоил во Купот на Португалија во 1995 година, за време на неговата последна сезона во клубот пред заминувањето во странство.

Во летото 1995 година, Фиго бил интересен за голем број европски екипи па со самото имал можност самиот да ја одбере најдобрата опција, меѓутоа поради дилема дали да се приклучи на или на , тој потпишал договор со двата клуба, и бил казнет на две години без да може да игра во Италија. Ситуацијата натаму се решила така што Фиго потпишал за Барселона во трансфер вреден 2,25 милиони фунти. По првата сезона во Барселона која ја завршил без освоен трофеј, својот прв трофеј со каталонците го освоил во Суперкупот на Шпанија 1996, во кој Барселона била подобра од шпанскиот шампион од претходната сезона со вкупен резултат 6-5. Истата сезона Барселона на крилата на Фиго и на Роналдо го освоила Купот на победниците на куповите, а следната сезона дошла и титулата во Примера Дивисион каде тој бил дел од силниот напад на Блауграна заедно со Ривалдо и Патрик Клајверт.

Во јули 2000 година, Фиго се преселил во лутиот соперник на Барселона, Реал Мадрид, за 62 милиони евра што тогаш претставувал најскап трансфер. Со доаѓањето на Фиго во Мадрид, во клубот започнала ерата на Галактикосите, затоа што покрај Фиго за Реал во тоа време играле и други големи светски фудбалски ѕвезди како Зинедин Зидан, Роберто Карлос, Дејвид Бекам, Раул Гонсалес и така натаму.Lowe, Sid (2013). "Fear and Loathing in La Liga: Barcelona vs Real Madrid". pp.338-367. chpt."And Pigs Did Fly". Random House, 2013 Во првата сезона во Реал, тој го освоил шпанското првенство по третпат во својата кариера, а во втората сезона во клубот ја освоил титулата во Лигата на шампионите која му недостасувала во личната колекција на трофеи. Во финалето одиграно на Хемпден Парк во Глазгов, кралевите го победиле Бајер Леверкузен со 2-1, а Фиго играл до 61-вата минута кога бил заменет од Стив МекМанаман.Bayer Leverskusen - Real Madrid 1-2 espn.com Последователно тој му помогнал на клубот да ги освои Суперкупот на УЕФА со победа од 3-1 над Фејенорд и Интерконтиненталниот куп со победа над јужноамериканскиот шампион Олимпија со 2-0. Својот последен трофеј како играч на Реал Мадрид го освоил во Суперкупот на Шпанија 2003 со победата над Мајорка со вкупен резултат 4-2.

thumb|left|Фиго на фудбалски натпревар со Португалија. Во август 2005 година, Фиго потпишал за италијанскиот како слободен играч, откако неговиот договор со Реал Мадрид истекол во јуни истата година. Со Интер освоил четири скудета вклучувајќи го и она од третото место на табелата во неговата прва сезона, кога титулата на Интер накнадно му била доделена откако на регуларниот шампион Јувентус му била одземена титулата, а второпласираниот Милан бил казнет со одземање на бодови и во двата случаи заради вмешаност во скандал со наместени натпревари. Во август 2006 година, тој го постигнал победничкиот гол за нероаѕурите во првото продолжение со кој тие ја победиле со 4-3 и го освоиле Суперкупот на Италија. Својот последен натпревар во кариерата Интер- го одиграл на 31 мај 2009, носејќи ја за првпат капитенската лента на клубот.

Репрезентативна кариера За португалската репрезентација Фиго дебитирал во 1991 година, на возраст од само 18 години, во пријателски натпревар против што завршил 1-1. Вкупно за репрезентацијата одиграл 127 натпревари и во моментов е втор по бројот на настапи - заостанувајќи само зад Кристијано Роналдо- и четврти по бројот на постигнати голови со 32.

Тој ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и три Европски првенства (1996, 2000 и 2004), а најдобриот резултат го забележал на Европското првенство 2004 на домашен терен, каде Португалија стигнала до финалето во кое загубиле од .Грција, европски шампион dw.com 5 јули 2004, пристапено 18 април 2020

Хронологија на репрезентативните настапи

По завршувањето на кариерата Во февруари 2015 година, на стадионот „Вембли“, Фиго ја започнал својата кампања за изборите на претседател на ФИФА, како еден од четворицата кандидати за оваа функција. Притоа, во неговата изборна кампања тој се залагал за зголемување на бројот на репрезентациите кои играат на светските првенства на 40 или 48.„Фиго тргна да го смени Блатер со зголемен број учесници на СП“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 21.

Статистика Статистиката е ажурирана на 16 април 2020. Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1989-1990 ПД 3 0 КП 0 0 - - - - - - 3 0 1990-1991 ПД 0 0 КП 0 0 - - - - - - 0 0 1991-1992 ПД 34 1 КП 7 0 КУ 2 0 - - - 43 1 1992-1993 ПД 32 0 КП 8 1 КУ 2 0 - - - 42 1 1993-1994 ПД 31 8 КП 1 0 КУ 3 0 - - - 35 8 1994-1995 ПД 29 7 КП 7 3 КУ 2 0 - - - 38 10Вкупно Спортинг 129 16 23 4 9 0 - - 161 201995-1996 ПД 35 5 КШ 8 1 CU 10 3 - - - 53 9 1996-1997 ПД 36 4 КШ 8 2 КПК 8 1 СШ 1 0 53 7 1997-1998 ПД 35 5 КШ 1 0 ЛШ 7 1 СШ+СУ 1+2 0 46 6 1998-1999 ПД 34 7 КШ 9 1 ЛШ 6 1 СШ 1 0 50 9 1999-2000 ПД 32 9 КШ 0 0 ЛШ 13 5 СШ 2 0 47 14Вкупно Барселона 172 30 26 4 44 11 7 0 249 45 2000-2001 ПД 34 7 КШ 0 0 ЛШ 14 5 СУ+ИнтК 1+1 0 50 12 2001-2002 ПД 29 7 КШ 6 1 ЛШ 10 3 СШ 2 0 47 11 2002-2003 ПД 33 10 КШ 1 0 ЛШ 15 2 СУ+ИнтК 1+1 0 51 12 2003-2004 ПД 36 9 КШ 6 2 ЛШ 11 2 SS 2 1 55 14 2004-2005 ПД 32 3 КШ 0 0 ЛШ 10 4 - - - 42 7Вкупно Реал Мадрид 164 36 13 3 60 16 8 1 245 56 2005-2006 А 34 5 КИ 3 0 ЛШ 8 1 - - - 45 6 2006-2007 А 32 2 КИ 7 0 ЛШ 7 0 СИ 1 1 47 3 2007-2008 А 17 1 КИ 1 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 22 1 2008-2009 А 22 1 КИ 0 0 ЛШ 3 0 СИ 1 0 26 1Вкупно Интер 105 9 11 0 21 1 3 1 140 11Вкупно во кариерата 570 91 73 11 134 28 18 2 795 132

Титули

Клупски Спортинг Лисабон Куп на Португалија : 1 1994-1995.

Барселона Примера Дивисон : 2 1997–1998, 1998–1999 Куп на Шпанија : 2 1996-1997, 1997-1998 Суперкуп на Шпанија : 1 1996 УЕФА Куп на победниците на куповите : 1 1996-1997 Суперкуп на УЕФА : 1 1997

Реал Мадрид Примера Дивисон : 2 2000–2001, 2002–2003 Суперкуп на Шпанија : 2 2001, 2003 УЕФА Лига на шампиони : 1 2001-2002 Суперкуп на УЕФА : 1 2002 Интерконтинентален куп : 1 2002

Интер Серија А : 4 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008, 2008–2009 Куп на Италија : 1 2006 Суперкуп на Италија : 2 2006, 2008

Репрезентативни Европско првенство под 16 години : 1 1989 Светско првенство под 20 години : 1 1991

Поединечни Играч на годината во португалското првенство : 1 1994 Најдобар играч на Европското првенство под 21 година : 1 Франција 1994 ЕСМ Тим на годината: 2 1997-1998, 1999-2000 Златна топка : 1 2000 ФИФА Играч на годината : 1 2001 Играч на годината World Soccer : 1 2000 Португалски фудбалер на годината : 6 1995, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000 Избран во Тимот на годината на УЕФА : 1 2003 Идеален тим на Светско првенство: 1 2006 Вклучен во ФИФА 100 листата (2004)

Почести 60px Орден Инфанта на Дон Енрике — 2004

Наводи

Надворешни врски

Луис Фиго на transfermarkt Луис Фиго на soccerway Луис Фиго на espn Луис Фиго на whoscored Луис Фиго на zerozero

Категорија:Португалски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Спортинг Лисабон Категорија:Фудбалери на ФК Барселона Категорија:Фудбалери на ФК Реал Мадрид Категорија:Фудбалери на ФК Интер Категорија:ФИФА 100 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година