Утерзум (; фериншки: Ödersem; ) — општина на островот Фер, во округот Северна Фризија, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Во рамките на општината влегува и селото Хедехузум.
Географија
мини|лево|Плажата кај Утерзум при ниска плима со поглед на северниот дел на островот Амрум
Селото се наоѓа помеѓу борова шума на крајниот југозапад на Фер, со поглед на соседните острови Амрум и Зилт. Тоа е најмалото приморско одморалиште на Фер. Во Утерзум постои санаториум, кој е специјализиран во болестите на белите дробови и во онкологијата и гинекологијата.
Морските птици како сабјарките најчесто ловат долж низините на потокот Годел.
Автобуска линија го поврзува местото со другите села на Фер и со градот Вик.
Историја
Три зачувани долмени сведочат за населбите од бронзеното доба.
Во и век, китоловството било важна дејност на Фер. Пописот во 1787 година покажал дека Утерзум и Хедехузум заедно имале 294 жители, 62 од нив биле поморци. Како дел од Вестерланд Фер, Утерзум припаѓал на кралската данска енклава и бил директно дел од данската круна, додека Остерланд Фер и Вик припаѓале на Војводството Шлезвиг. Данска го изгубила Шлезвиг од Прусија по Втората шлезвишка војна во 1864 година и Утерзум станал дел од Шлезвиг-Холштајн.Faltings, Jan I., Föhrer Grönlandfahrt .... p. 30.
Утерзум, Хедехузум и блиската општина Витзум биле единствените од втората зона на Шлезвишкиот референдум кои гласале за Данска; но бидејќи не се наоѓале на самата граница, останале во Германија.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Хедехузум
Категорија:Фер Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн