Небесната Кула (англ. Auckland Sky Tower) е кула на аголот од улиците Викторија Ст. и Федерал Ст. во центарот на Окленд, Нов Зеланд. Висока е 328 м, од приземјето до врвот на јарболот, и со тоа е највисоката самостојна градба на јужната полутопка. Интересно е тоа што архитектот јавно се откажал од своето дело. Кулата е 12-та највисока членка на Светската федерација на големи кули. Оваа кула е дел од казино-комплексот SKYCITY Auckland сопственост на фирмата SKYCITY Entertainment Group.

Намени

Покрај забава, кулата служи за телекомуникации и пренос кои простории се наоѓаат на 48-миот спрат. Исто така тука неколку радио станици делат предавател. ТВ компанијата Канвест (во чија сопственост се каналите ТВ3 и Ц4) тука има спореден предавател—додека нивниот главен предавател е во Ваиатаруа. Горниот дел од кулата има два ресторана (од кои еден е вртлив) и разни нагледни платформи. Кулата има 600.000 посетители годишно или по околу 2 посетитела во минута.

Кулата исто така нуди банџи-скокање, т.н. SkyJump помогнато од кабел од висина од 192 м од една нагледна платформа на кулата.

Изградба

Пои две и пол години изградба, кулата била свечено отворена на 3 март, 1997, шест месеци порано од предвидениот рок . При изградбата употребени се 15,000 кубни метри цемент, 2,000 арматура и 660 тони градежен челик. Јарболот тежи повеќе од 170 тони.

Одговорна за изведбата била фирмата Флечер Констракшн. Оваа фирма обезбедила координација, стуктурни, геотехнички, градежни, механички, електрични, водоводни услуги, како и осветлување и противпожарен систем.

Кулата е направена да издржува ветрови посилни од 210 км/ч и да издржува земјотреси низ период од 1000 години. Според анализите, земјотрес со епицентар на 40 раздалеченост и јачина од 7,0 на Рихтеровата скала не ѝ може ништо на кулата. Дури и земјотрес со јачина од 8,0 по Рихтеровата скала, што е речиси невозможно во овие краишта, не може да ја сруши кулата.

Наводи

Надворешни врски Страница на кулата

Категорија:Знаменитости во Окленд Категорија:Згради и градби во Окленд Категорија:Кули во Нов Зеланд Категорија:Вртливи ресторани