Леонид Виталјевич Канторович (; во - во ) — советски математичар и економист, познат по неговата теорија и развој на техниките за оптимална алокација на ресурсите. Се смета за основач на линеарното програмирање. Ја добил Сталиновата награда во 1949 година и Нобеловата награда за економија во 1975 година.

Животопис

Канторович е роден на 19 јануари 1912 година во семејство на руски Евреи.The Soviet Union: empire, nation, and system, By Aron Kat︠s︡enelinboĭgen, page 406, Transaction Publishers, 1990 Неговиот татко бил доктор во Санкт Петербург. Во 1926 година, на возраст од четиринаесет години, ги започнал неговите студии на Ленинградскиот државен универзитет. Дипломирал на математичкиот факултет во 1930 година и се запишал на постдипломски студии. ВО 1934 година на возраст од 22 години станал редовен професор.

Подоцна, Канторович работел за советската влада. Добил задача да го оптимизира производството со шперплочи. Излегол со (1939 г.) математичката техника, денес позната како линеарно програмирање, неколку години пред да биде напреднато од Џорџ Данциг. Издал неколку книги како „Математичкиот метод во планирање на производството и организација“ и „Најдобрите употреби на економските ресурси“. За неговата работа, Канторович ја добил Сталиновата награда во 1949 година.

По 1939 година станал професор на Воениот инженерско-технички универзитет. При Опсадата на Ленинград, Канторович бил професор на универзитетот и надлежен за Патот на животот. Го пресметал оптималното растојание помеѓу автомобилите на мразот, зависејќи од дебелината на мразот и температурата на воздухот. Во декември 1941 и јануари 1942 година, Канторович лично одел помеѓу автомобилите на мразот на езерото Ладога, на Патот на животот, за да се обезбеди дека автомобилите нема да потонат. Меѓутоа, многу автомобили со храна за преживеаните на опсадата биле уништени од германските воздушни напади.

За овој подвиг и храброст, Канторович го добил орденот на Татковинската војна и му бил доделен медалот „За одбрана на Ленинград“.

110п|лево|мини

Нобеловата награда за економија, која ја делел со Тјалинг Копманс, му била дадена „за неговите придонеси во теоријата за оптимална алокација на ресурсите“.

Математика

Во математичката анализа, Канторович имал важни резултати во функционалната анализа, теоријата за претпоставки и теоријата на управување.

Особено, Канторович формулирал основни резултати во теоријата на нормирана векторска решетка, која е наречена „К-простор“ во негова чест.

Канторович покажал дека функционалната анализа може да биде користена во анализа на итеративните методи, набљудувајќи ги нееднаквостите на Канторович на конвергичната стапка на градиентниот метод и на Њутновиот метод.

Канторович ги сметал проблемите на оптимизацијата, како проблемот Канторович-Монге во транпортната теорија. Неговата анализа ја предложила метриката Канторович, која е користена во теоријата на веројатноста, во теоријата на слаба конвергентност на мерките за веројатност.

Наводи

Литература Данциг, Џорџ, Linear programming and extensions. Princeton University Press and the RAND Corporation, 1963. Cf. стр. 22 за работата на Канторович. Исбел, Џон; Марлоу, В., "On an Industrial Programming Problem of Kantorovich", Management Science, Vol. 8, No. 1 (Oct., 1961), pp. 13–17

Koopmans, Tjalling C., "Concepts of optimality and their uses", Nobel Memorial Lecture, 11 декември 1975 Кутеладѕе, С., "The World Line of Kantorovich", Notices of the ISMS, International Society for Mathematical Sciences, Осака, Јапонија, јануари 2007 Кутеладѕе, С., "Kantorovich's Phenomenon", Siberian Math. J. (Сибирский мат. журн.), 2007, V. 48, No. 1, 3–4, 29 ноември 2006. Кутеладѕе, С., "Mathematics and Economics of Kantorovich"

Vershik, Anatoly, et al., "Leonid V. Kantorovich (1912–1986)", Sobolev Institute of Mathematics of the Siberian Division of the Russian Academy of Sciences. Also published in the Siberian Mathematical Journal, Volume 43 (2002), No. 1, pp. 3–8 Vershik, Anatoly, "On Leonid Kantorovich and linear programming"

Надворешни врски

(со дополнителни слики.)

Информации за Канторович – IDEAS/RePEc

Категорија:Родени во 1912 година Категорија:Починати во 1986 година Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Руски Евреи Категорија:Руски економисти Категорија:Луѓе од Санкт Петербург Категорија:Советски математичари Категорија:Руски математичари Категорија:Руски нобеловци Категорија:Математичари од 20 век Категорија:Советски економисти Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Добитници на Лениновата награда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Апсолвенти на Санктпетербуршкиот државен универзитет Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Советски нобеловци Категорија:Членови на Унгарската академија на науките Категорија:Советски Евреи Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен