мини|Мешунки на стебло мини|Зготвена исечена боранија

Боранија — незрели мешунки на разни сорти на гравот (Phaseolus vulgaris) кои можат да бидат зелени или во други бои.

Во кулинарството

Боранијата се огледува ширум целиот свет. Се продава свежа, конзервирана и замрзната. Се пригодвува со барење, варење, пржење или печење.

Растението има висока концентрација на лектини кои можат да бидат штетни ако се внесуваат во големи количества без да бидат добро зготвени.

Во боранијата се среќава и флавинолот миквелијанин (кверцетински 3-O-гликуронид).Antioxidant properties of flavonol glycosides from green beans. Plumb G.W., Price K.R. and Williamson G., Redox Report, Volume 4, Number 3, June 1999, стр. 123-127,

Одгледување Боранијата се одгледува во два главни облика: ниски и високи сорти..

Ниските се грмушести, високи од 1-1,5 м и немаат потреба од потпора. Созреваат бргу, веднаш даваат плод и потоа престануваат да раѓаат.

Високите пак растат исправено, а стеблата им се извиени на притки како ползавци.

Сорти Во светот се познати преку 130 сорти боранија. Мешунките можат да бидат зелени, бледожолти, виолетови, црвени или со шарени траги. По облик можат да бидат шилести, тркалезни или широки.

Мешунките кај многу (иако не сите) сорти имаат цврста жила долж мешунката која се отстранува пред готвењето поради жилавоста или се избегнува со сецкањето на мешунката.

Најзастапени сорти во Македонија се следниве (по азбучен ред):

италијанска боранија кинеска боранија лоди нерина тибер унидор фруидор шумадинка

Производство мини|десно|Конзервирана боранија во тегли мини|десно|Зготвена боранија со грашок Република Македонија има значајно производство на боранија, со речиси 10.947 тони во 2007 г., што сепак претставува пад споредено со 15.308 тони во 1995 и 19.423 тони во 1992 г.

Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), во 2012 г. најголеми произведувачи на боранија (во тони) се следниве земји: Место Земја Производство (во тони) 1 16.200.000 2 871.170 3 620.000 4 614.965 5 305.000 6 251.279 7 165.400 8 134.124 9 133.744 10 94.356 Цел свет 20.742.857

Поврзано Грав Мешунки

Наводи

Надворешни врски

Боранија - здрав и лековит зеленчук — „Живеј здраво!“ Боранија - мешунка богата со витамин К — „Здравје и убавина“ Рецепти со боранија — „Мои рецепти“

Категорија:Зеленчук Категорија:Мешункасти култури