Манастириште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Бело Поле. Претставува црква од среден век.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа јужно од селото, на височинка со истото име.

Опис

На наоѓалиштето се гледаат остатоци од светилиште, и тоа темели од ѕидови и многу градежен материјал.

Според истражувањата на македонскиот антрополог, манастирската црква била посветена на Свети Атанасиј. Дел од градежниот материјал на разрушениот манастир бил употребен за изградба на селската црква „Св. Никола“ на почетокот на XX век.

Поврзано Висои — населба од бронзено и доцноантичко време; До Селото — населба од римско време; Св. Никола — осамен наод од римско време; Марков Чардак — населба од хеленистичко и доцноантичко време и среден век; Чачорица — населба од римско време; Ѓеракарница — населба од римско време; Дурбачица — неопределено наоѓалиште од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Мала Рада — неопределено наоѓалиште од непознат период; Баботино — населба од доцноантичко време; Бело Поле; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Бело Поле