Црната стрела (англиски: The Black Arrow) е роман од писателот Роберт Луис Стивенсон. мини|Корица на првото издание објавено во 1888 година Изданија на македонски јазик Издание на „Кочо Рацин“ од 1965 Книгата е објавена на македонски јазик од страна на издавачкото претпријатие „Кочо Рацин“ од Скопје во 1965 година, во превод на Свето Серафимов, а во рамките на библиотеката „Галеб“. Таа има 139 страници и испечатена е во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје во тираж од 5.000 примероци. Книгата не е каталогизирана и не го поседува меѓународниот број ISBN. Нацртот на корицата и илустрациите во книгата се дело на Димитар Кондев, а техничкото уредување го извршил Коста Бојаџиевски. Јазичната редакција е дело на Евтим Манев, а коректурата ја направила Вера Грличкова.Р. Л. Стивенсон, Црната стрела, Скопје: Кочо Рацин, 1965.

Содржина Романот „Црната стрела“ се состои од 32 поглавја, и тоа: Глава прва: Црната стрела погодува Глава втора: Каде е господарот Џон Глава трета: Во мочуриштето Глава четврта: Премин преку реката Глава петта: Одметниците Галав шеста: Напад во шумата Глава седма: Гонење Глава осма: Лепрозниот Глава деветта: Во Куќата на каналот Глава десетта: Лажна клетва Глава единаесетта: Собата над капелата Глава дванаесетта: Преминот Глава тринаесетта: Како ги измени Ричард страните Глава четиринаесетта: Тајна средба Глава петнаесетта: Битка во темнината Глава шеснаесетта: Сент Браидс Крос Глава седумнаесетта: Украдениот брод Глава осумнаесетта: Опасност од морето Глава деветнаесетта: Домот на Лоулес Глава дваесетта: Во куќата на непријателот Глава дваесет и прва: Мртвиот шпион Глава дваесет и втора: Во црквата Глава дваесет и трета: Лордот Ризингам Глава дваесет и четврта: Али Баба Глава дваесет и петта: Средба на крстопатот Глава дваесет и шеста: Битка во Шореби Глава дваесет и седма: Битката во Шореби - продолжение Глава дваесет и осма: По битката Глава дваесет и деветта: Ноќта во шумата Глава триесетта: Ричард и Џоана Глава триесет и прва: Смртта на сер Даниел Глава триесет и втора: Среќен крај

Наводи

Категорија:Изданија на Кочо Рацин Категорија:Романи за деца Категорија:Англиски романи Категорија:Дела на Роберт Луис Стивенсон