Стара Црква — археолошко наоѓалиште во прилепското историско село Големо Мраморани. Претставува црква и некропола од среден век.Истражувања на КУЛТУРНИОТ ИСТРАЖУВАЧКО-ДОКУМЕНТАЦИСКИ ЦЕНТАР „КАЛЕШ АНЃА“ од Прилеп; 2013

Местоположба

Се наоѓа непосредно до урнатините на селото.

Опис

Според темелите, не била многу голема градба и претставувала еднокорабна црковна градба со средни димензии, но во неа биле вградени како сполии и елементи од постара градба, сосема веројатно, ранохристијанска црква, на која укажува еден мермерен споменик, капител со изработен крст, како и други мермерни и камени блокови, тегули (покривни ѓерамиди) од античкиот период и слични показатели и остатоци од постара градба.

Речиси во самите гробишта, на мало растојание од црквата се среќава и еден голем винарник – објект за гмечење грозје и правење вино, а уште еден таков објект, но со помали димензии, се наоѓа на периферијата на гробиштата, поточно на околу 50 м источно од карпата „менхир“. Овие камени објекти, како објекти биле користени во производството на вино уште од антиката, а можеби и во подлабоката историја.

На просторот на кој биле сместени црквата и гробиштата се среќаваат и други културни траги, како обработени форми по карпите, така и фрагменти од керамички садови, питоси и друг археолошки материјал.

Поврзано Гробишта — осамени наоди од римско време; Манастир — црква од средниот век; Големо Мраморани — населба од бронзено време; Големо Мраморани; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Големо Мраморани