Скаларен бозон — бозон чиј спин е еднаков на нула. Поимот потекнува од квантната теорија за полето и се однесува на извесни преобразбени својства при Лоренцова трансформација.
Примери За скаларни бозони важат разни сложени честички како алфа-честичката и пионот (пи-мезонот). Кај мезоните разликуваме скаларни и псевдоскаларни мезон, што се однесува на нивните преобразни својства при парност.
Единствениот фундаментален скаларен бозон според стандардниот модел на елементарните честички е Хигсовиот бозон, чие постоење е потврдено на 14 март 2013 во Големиот хадронски судирач. Поради ова откритие истата година физичарите Питер Хигс и Франсоа Англер ја добиле Нобеловата награда за физика.
Скаларни бозонски полиња од педагошки причини се користат во мошне популарната -теорија во воведната литература од областа на кватната теорија за полето. Оваа теорија обично служи како нагледен модел за прикажување на основните поими од квантната теорија на полето.
Поврзано Скаларен мезон Векторски бозон Хигсов бозон
Наводи
Категорија:Бозони Категорија:Мезони Категорија:Квантна теорија за полето