За целосниот список, видете: Список на стои.

thumb|right|250px|Обновената Аталова стоа во Атина right|250px|thumb|Аталова стоа, ентериер Стоа — покриен премин или портик во старогрчката архитектура, обично за јавна употреба. Првобитните стои биле отворени на влезот, а столбовите биле бочно, сочинувајќи засолниште. Се обично во Дорски ред. Подоцна тие имале два спрата, со покрив над колонадите каде биле сместени продавници и канцеларии и биле направени во јонски стил. Овие згради биле за јавна употреба; тука трговците ја продавале својата стока, уметниците ги изложувале своите дела, а на ова место исто така се одржувале и верски собири. Стоите обично ги окружувале пазарите во големите градови.

Насликаниот трем Насликаниот трем (стоа поикиле), подигнат во III век п.н.е., се наоѓала на северната страна на атинската агора. Ова било местото каде филозофот Зенон од Китион држел стоички предавања. Така, името на оваа школа доаѓа од името на зградата, имено „стоа“.

Познати стои Стоа поикиле, „насликан трем“ Аталова стоа Стоа базилејос (Кралска стоа) Зевсова стоа во Атина Стоа амфијарајон Стоа на Атињаните

Категорија:Старогрчка архитектура Категорија:Стоицизам Категорија:Филозофски школи и традиции