Тригве Магнус Ховелмо (; во Шедсмо — во ) — норвешки економист со главен истражувачки интерес на полињата на економетријата.
Животопис
По посетувањето на Катедралното училиште во Осло, добил диплома по економија од Универзитетот во Осло во 1930 година и на крајот се приклучил на економскиот институт со препорака од Рагнар Фриш. Ховелмо бил асистент на Фриш некое време, додека не бил назначен на одделот за пресметување во институтот. Во 1936 година, Ховелмо учел статистика на Универзитетскиот колеџ во Лондон, додека подоцна отпатувал за Берлин, Женева и Оксфорд на дополнителна надградба. Тригве станал предавач на Орхускиот универзитет во 1938 година на една година, а потоа добил академска стипендија за да патува во странство и студирал во САД. Во текот на Втората светска војна работел со Нортрашип во статистичкиот оддел во Њујорк. Добил докторат во 1946 година за работата на пристапот за веројатност во економетријата.
Бил професор по економија и статистика на Универзитетот Осло во периодот 1948-1979 и бил главен на трговската катедра од 1947 до 1948 година. Ховелмо стекнал важна позиција во современата економија преку неговата логичка критика на низа вообичаени концепции во математичката анализа.
Во 1989 година, Ховелмо ја добил Нобеловата награда за економија „за неговото разјаснување на теоријата на веројатноста, основите на економетријата и неговите анализи на симултаните економски структури“.
Ховелмо престојувал во Естерос. Починал на 28 јули 1999 година во Осло.
Наследство
Џуди Перл напишал „Ховелмо бил првиот кој го препознал капацитетот на економските модели за водење политики“ и „покажал математичка постапка која прави произволен модел и носи квантитативни одговори на прашањата за политиката“. Според Перл, „трудот на Ховелмо, „Статистички импликации на системот на симултани идентитети“, претставува стожер, не само во статистичките импликации на економетриските модели, туку и во нивните причински делови“. Идејата на Ховелмо дека економски модел прикажува низа хипотетички експерименти и дека политиките можат да бидат симулирани преку изменувања равенства во модел станала основа на сите моментално користени формализми на причинска поврзаност. Првпат бил користен од Роберт Строц и Херман Волд (1960) кој посочил „чистење“ на одбрани идентитети и потоа ги пресликал во графички модели. Оваа операција подоцна довела до Перловиот „мора“ калкулус и математичка теорија во економетриските модели. Перл понатаму шпекулира дека причината зошто економистите општо не ги ценат овие револуционерни придонеси на Ховелмо е бидејќи самите економисти сè уште не постигнале согласност што претставува економскиот модел, како што може да се види од самите економски учебници.
Наводи
Надворешни врски
Список на публикации Автобиографија
Модел на раст на Ховелмо
Категорија:Економетристи Категорија:Норвешки економисти Категорија:Норвешки математичари Категорија:Норвешки нобеловци Категорија:Кејнзијанци Категорија:Добитници на Нобеловата награда за економија Категорија:Родени во 1911 година Категорија:Починати во 1999 година Категорија:Неокејнзијански економисти Категорија:Апсолвенти на Универзитетскиот колеџ во Лондон