Игор Евгениевич Там ( — ) — советски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1958, заедно со Павел Черенков и Иљја Франк, за нивното откритие на Черенковото зрачење во 1934.

Животопис Според руски извори, Там имал германско благородничко потекло од татковата страна. Неговиот дедо, Теодор Там, емигрирал од Тирингија, а други извори го опишуваат како евреин.

Van Huyssteen, Wentzel (2003). Encyclopedia of Science and Religion, Volume 2. MacMillan Reference USA. p. 493. Студирал во гимназија во Елисаветград (сега Кропивницки, Украина). Во 1913–1914 студирал во Единбуршкиот универзитет заедно со неговиот соученик и пријател Борис Есен.

На почетокот на избувнувањето на Првата светска војна во 1914, доброволно се придружил на армијата како лекар за на поле. Во 1917 се придружил на револуционерното движење и станал активен дел од против-воената кампања, работејќи во револуционерните комитети по Мартовската револуција.Игорь Тамм. Hipersona.ru. Посетено на 14 July 2014. Тој се вратил во Московскиот државен универзитет, каде дипломирал во 1918.

Там се оженил со Наталија Шискаја во септември 1917. Тие имале две деца, Ирина (1921–2009, хемичарка) и Евгениј (1926–2008, експериментален физичар и познат алпинист, водач на советската експедиција во 1982Mountaineering, climbing. January – February 2008 news. Russianclimb.com. Посетено на 14 July 2014.).

На 1 мај 1923, Там започнал на предава физика во Вториот Московски државен универзитет . Истата година, го завршил неговиот прв научен документ, Електродинамика на анизотропскиот медиум во специјалната теорија за релативноста.Feinberg, E. L. (1987) Reminiscences about I. E. Tamm. Nauka Во 1928, поминал неколку месеци со Паул Еренфест во Лајденскиот универзитет. Од 1934 па сè до неговата смрт во 1971 Там бил на чело на теоретскиот оддел во Лебедевиот институт за физика во Москва.

Во 1932, Там објавил документ со неговиот предлог за концептот на површинските состојби. Овој концепт е важен за MOSFET физиката.

Во 1934, Там и Семен Алтшулер предложиле дека неутронот има не-нулти магнетен момент,Tamm, I.E. and Alshuler, S.A. "Magnetic moment of a neutron", Reports of the Academy of Science USSR, 1, 8, 455 (1934) (in Russian) идејата била прифатена со скептицизам во тоа време, бидејќи неутронот би требало да биде елементарна честичка со нулти полнеж, па така не би можел да има магнетен момент. Истата година, Там ја измислил идејата дека протон-неутронските интеракции може да се опишат како размена на сила пренесувана од сѐ уште непознатата масивна честичка, оваа идеја подоцна била развиена од страна на Хидеки Јукава во теоријата за мезонските сили.

Во 1945 развил метод на приближност за многутелната физика. Како што Сидни Данкоф самостојно ја развил во 1950, сега е позната како Там-Данкофова приближност.

Тој бил добитник на Нобелова награда за физика во 1958 заедно со Павел Черенков и Иљја Франк за откривање и интерпретација на Черенков-Вавиловиот ефект.

Од 1940 до 1950 Там бил дел од советскиот проект за термојадрена бомба. Од 1949 до 1952 поголемиот дел од неговото време го поминал во „тајниот град“ Саров, работејќи како директор на теоретската група која ја развивала водородната бомба,Sakharov, Andrei (1990) Memoirs. Hutchinson. ISBN 0091746361 сеедно тој се пензионирал од проектот и се вратил во Лебедевиот институт за физика во Москва по неговиот прв успешен тест на водородната бомба во 1953.

Во 1951, заедно со Андреј Сахаров, Там предложил токмак систем за остварување на контролирано термојадрено соединување на основа на троиден магнетен термојадрен реактор и набрзо потоа првите уреди биле создадени од INF. Резултати од Т-3 советскиот магнетен уред во 1968, кога плазма параметрите единствени за времето кое биле добиени, покажувале температури во нивните машини над редот на магнитуда повисока од таа што била очекувана од остатокот на заедницата. Западните научници го посетиле експериментот и ги потврдиле високите температури, будејќи надеж за изгледите на токмакот како и изградба на нови експерименти, кои се сѐ уште доминантни магнетни затворни уреди до ден денес.

Там бил студент во „Леонид Мандељштам“ за наука и живот.

Околу религиозното гледиште на Там, тој бил атеист.

Смрт Там починал во Москва, Советски Сојуз, сега Русија. Кратерот на Месечината Там е наречен по него.

Наводи

Надворешни врски

L. I. Mandelshtam, I. E. Tamm "The uncertainty relation between energy and time in nonrelativistic quantum mechanics", Izv. Akad. Nauk SSSR (ser. fiz.) 9, 122–128 (1945). English translation: J. Phys. (USSR) 9, 249–254 (1945).

Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Руски нобеловци Категорија:Честични физичари Категорија:Руски атеисти Категорија:Руски пронаоѓачи Категорија:Руски физичари Категорија:Советски физичари Категорија:Добитници на Сталиновата награда Категорија:Херои на социјалистичкиот труд Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет Категорија:Руски Евреи Категорија:Еврејски нобеловци Категорија:Советски нобеловци Категорија:Членови на Леополдина Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Советски пронаоѓачи Категорија:Починати во Москва