Клетовник — археолошко наоѓалиште во прилепското село Десово. Претставува некропола од доцноантичко време и среден век. Се наоѓа на околу 4,5 км североисточно од селото, на превојот под врвот Дервен, покрај патот за селото Габровник. Со ерозијата на земјата се откриени повеќе гробови. Во непосредната близина има остатоци од средновековна населба и некропола. Пред селската црква Св. Троица има надгробна стела со релјефна претстава на три човечки фигури, донесена од ова наоѓалиште.

Поврзано Рамниште — фурна од римско време; Кале — населба од доцноантичко време и среден век; Горно Поле — некропола од доцноантичко време; Киш — некропола од доцноантичко време; Ламбичица — населба од неолитско време; Брчки — населба од римско време; Селиште — населба од доцноантичко време; Цркварско — населба од доцноантичко време; Манастириште — црква од непознат период;Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавања, Београд 1998 Десово; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско;

Наводи

Категорија:Десово