мини|десно|250п|Карта на Бизмарковото Море Бизмарково Море — мало погранично море во југозападниот дел на Тихиот Океан, северно од островот Папуа Нова Гвинеја и јужно од Бизмарковиот Архипелаг и Адмиралитетските Острови. Како и архипалагот, морето е наречено во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк. Архипелагот се протега северно и источно од морето, заобиколувајќи го Бизмарковото Море и одделувајќи го од Тихиот Океан. На југ е поврзано со Соломонското Море преку протокот Витјаз.
Во морето на 3 и 4 март 1943 г. се одиграла Битка во Бизмарковото Море за време на Втората светска војна, каде американските и австралиските воздхопловни сили
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, Бизмарковото Море е „оној дел од Јужниот Тихи Океан кај североисточниот брег на Нова Гвинеја“, со следниве граници:
на север и исток. По северниот и североисточниот брег на островите Нова Ирска, Нов Хановер, Адмиралитетските Острови, Пустиничкиот Остров и групата Ниниго, преку островите Ману и Ауа до Вувулу, а оттаму линија до ’ртот Бодисен во Нова Гвинеја (142°02' ИГД).
на југоисток. линија од јужниот крај на Нова Ирска долж напоредникот 4°50' ЈГШ до брегот на Нова Британија, долж нејзиниот северен брег, а оттаму линија од западниот крај преку северниот крај наостровот Умбој до ’ртот Телијата, Нова Гвинеја ()
на југозапад. По северниот брег на Нова Гвинеја.
Минерално богатство Со неодамнешните испитувања на морското дно се откриени богати наоѓалишта на сулфиди, бакар, цинк, сребро и злато. Наодите имаат особено значење бидејќи се сместени во плитка и мирна вода. Правата на нивно искористување ги поседува Папуа Нова Гвинеја согласно меѓународното право.
Поврзано Бизмарков Архипелаг Битка во Бизмарковото Море
Наводи
Надворешни врски
Битка во Бизмарковото Море
Категорија:Мориња во Тихиот Океан Категорија:Географија на Папуа Нова Гвинеја Категорија:Мориња во Океанија