Роберт Колман Ричардсон ( — ) бил американски експериментален физичар кој истражувал за субмиликелвиновите температурни студии на хелиум-3. Ричардсон, заедно со Дејвид Ли, како искусни истражувачи, а потоа и дипломираниот студент Даглас Ошероф, ја споделиле Нобеловата награда за физика во 1972 за откривањето на својството на супертечноста на атомите на хелиумот-3 во Корнелскиот универзитет.
Животопис Ричардсон се родил во Вашингтон. Одел во средното училиште „Вашингтон-Ли“ во Округот Арлингтон, Вирџинија. Тој подоцна курсевите по биологија и физика во училиштето ги опишал како „многу старомодни“ за тоа време. „Идејата за ’напредна поставеност‘ сѐ уште не била измислена“, напишал тој во неговата автобиографија за Нобеловата награда. Тој го зел првиот курс по анализа кога бил втора година во колеџот.Chang, Kenneth. (2013, February 22). Robert C. Richardson, 75, Laureate in Physics, Dies. The New York Times, p B14.
Ричардсон го посетувал универзитетот Вирџинија тех и дипломирал во 1958, а магистрирал во 1960. Тој докторирал во Дјукскиот универзитет во 1965.
Во времето на неговата смрт, тој му бил професор по физика на Флојд Њуман во Корнелскиот универзитет, иако повеќе не работел во лабораторијата. Од 1998 до 2007 тој во Корнелскиот универзитет работел како заменик професор за истражување, а од 2007 до 2009 бил искусен советник за наука на претседателот и потпретседателот. Неговата експериментална работа се фокусирала на употреба на јадрена магнетна резонанца за да ги проучува квантните својства на течностите и цврстите тела при екстремно ниски температури.
Ричардсон бил "Eagle Scout", а неговите извиднички активности во неговата младост ги спомнал во биографијата која ја доставил до Нобеловата фондација за време на неговата награда.
Поврзано Криогеника - нискотемпературна физика Физика на кондензирана материја Хронологија на нискотемпературна технологија
Наводи
Надворешни врски Cornell webpage Freeview video Interview with Robert Richardson by the Vega Science Trust Obituaries Cornell obituary
Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Експериментални физичари Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското филозофско друштво