Посејдон (англиски: Poseidon) — американски филм од 2006 година, во режија на Волфганг Петерсен. Главните улоги ги играат: Курт Расел, Ричард Драјфус, Џош Лукас и Еми Сосам. Филмот, кој претставува трета адаптација на романот „Авантурата на Посејдон“, бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти.
Содржина Огромниот брод „Посејдон“, со 2.000 патници, е на крстарење низ Атлантскиот Океан. Додека патниците ја слават Нова Година, бродот удира во подводна карпа. Капетанот наредува сите да чекаат помош, но коцкарот Дилан одлучува самостојно да си ја испроба среќата. Во неговата борба му се придружуваат очаен татко, кој ги бара ќерката и нејзиниот свршеник, самохрана мајка со нејзиниот интелигентен син, слепа патничка и малодушен човек кој страда од депресија и кој планирал да се самоубие, но сега сака да остане жив.„Бродолом среде новогодишната ноќ“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 3.
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Волфганг Петерсен Категорија:Филмови со Курт Расел Категорија:Филмови со Ричард Драјфус Категорија:Филмови од 2006 година