Иванчице (; ) — град во Јужноморавскиот крај, Чешка, 21 км југозападно од Брно. Населението брои околу 9.300 жители. Се наоѓа на местото кајшто се слеваат реките Ослава, Јиглава и Рокитна.
Историја Местото за првпат се споменува во 1221 г., а во 1288 г. добива статус на кралско место. Во XV век преоѓа во сопственост на семејството фон Липа и останува во негово владение сè до Битката на Бела Гора (1620). Во XVI век Иванчице бил важен центар на евангелистичката заедница „Братско единство“. Во градот работел епископот на братството, Јан Благослав, кој бил и истакнат хуманист и јазичар. За време на Триесетгодишна војна во Иванчице насилно е повратен католицизмот и градот ја изгубил дотогашната важност.
Во градот има музеј посветен на глумецот Владимир Меншик (1929-1988). Иванчице е познато и како родно место на истакнатиот сликар и графичар Алфонс Муха (1860-1939)
Демографија + Население низ времетоHistorický lexikon obcí České republiky 1869–2005 , czso.cz 1869 1880 1890 1900 1910 1921 1930 1950 1961 1970 1980 1991 2001 2011Vybrané základní údaje podle obcí – Jihomoravský kraj , czso.cz
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Општински портал на Иванчице
Категорија:Градови во Чешка Категорија:Брно-предградие