Северни Варовнички Алпи () — група планински венци во состав на Источните Алпи северно од Централните Источни Алпи сместени во Австрија и соседна Баварија во југоисточна Германија. Се одликуваат со посебен геолошки состав кој ги разликува од другите повисоки врвови од соседната група.

Географија Гледо по оската запад-исток, Северните Варовнички Алпи се протегаат од долината на Рајна и Брегенчката Шума во Предарлска, Австрија на запад, долж границата на германската покраина Баварија со австриската покраина Тирол, низ покраините Салцбург, Горна Австрија, Штаерска и Долна Австрија, па на крај завршуваат во Виенската Шума во преградијата на Виена на исток.

Највисоки врвови се Парзајершпице (3.036 м) во Лехталските Алпи,Reynolds, Kev (2010). Walking in the Alps, Cicerone, ISBN 978-1-85284-476-9. и Горен Дахштајн (2.996 м). Друг особено важен врвов во венецот е Цугшпице (2.962 м) на германско-австриската граница, кој е највисоката точка во Германија.

Класификација на Високогорскиот клуб Според класификацијата на Источните Алпи на Високогорскиот клуб, Северните Варовнички Алпи ги опфаќаат следниве венци и планини (од исток кон запад): мини|лево|280п|Групи планини во состав на Северните Варовнички Алпи Виенска Шума (1) Гутенштајнски Алпи (2) Ракс и Шнеберг (3) Мирцштешки Алпи (Шнеалпе) (4) Тирнички Алпи (5) Ибсталски Алпи (6) Хохшваб (7) Енсталски Алпи (вкл. Гезојсе) (8) Горноавстриски Предалпи (9) Мртви Планини (Тотес Гебирге) (10) Дахштајн (11) Залцкамергутски Планини (12) Тененски Планини (13)Берхтесгаденски Алпи (14) Лоферски и Леоганшки Планини (15) Химгау Алпи (16) Кајзерски Планини (17) Бранденбершки Алпи (18) Баварски Предалпи (19) Карвендел (20) Ветерштајн (21) Амергауански Алпи (22) Алгојски Алпи (23) Лехталски Алпи (24) Лехквеленски Планини (25) Брегенчка Шума (26)

Наводи

Поврзано Варовнички Алпи Јужни Варовнички Алпи

Надворешни врски

Геолошки состав на Северните Варовнички Алпи , www.ahabc.de — списание за почва и градинарство

Категорија:Алпи Категорија:Планински венци во Австрија Категорија:Планински венци во Германија Категорија:Планински венци во Баварија