Дарувар — град во Хрватска кој се наоѓа во Бјеловарско-билогорската жупанија. Оддалечен е 125 км од главниот град Загреб и околу 130 км од Осиек. Сместен е во западниот дел на Славонија, во влажниот предел под планината Папук, во Поиловската висорамнина на плодните наноси од плеистоцен. Според резултатите од пописот спроведен во 2011 година во градот заедно со приградските населби живееле 11.633 жители, а во самиот град живееле 8.567 жители.

Градски населби Градот Дарувар се состои од 9 населби: Дарувар, Даруварски Виногради, Долјани, Долен Дарувар, Горен Дарувар, Липовац Мајур, Људевит, Марковац и Врбовац.

Управа

Дарувар има статус единица на локална самоуправа - еден од 127. градови.http://narodne-novine.nn.hr/clanci/sluzbeni/127788.html Закон за жупаниите, градовите и општините во Република Хрватска (Narodne novine 86/2006.)

Телата на градот Дарувар се:

Градско собрание Градоначалник

Познати личности Милан Павиќ, хрватски фотограф Давид Франкфуртер (1909 - 1982), познат по успешниот атентат во 1936 врз познатиот нацист Вилхелм Густлоф Миливој Ашнер (1913 - 2011), поранешен командант на полицијата во Независна држава Хрватска, обвинет за убиство на стотина Срби, Роми и Евреи Јосип Салач, помошен викар на Загреб Вилим Франчиќ, хрватски лингвист Камило Фирингер, хрватски културен работник Владимир Лончаревиќ: Katolički oblikovatelji kulture. Камило Фирингер, водач на католичката политичка школа , Glas Koncila (), 16 октомври 2011, стр. 21

Наводи

Категорија:Градови во Хрватска

Категорија:Населени места во Бјеловарско-билогорската жупанија