мини|261x261пкс — 15. сезона на најсилното натпреварување на европските фудбалски клубови под името УЕФА Лига на шампиони и 52. сезона од основањето на натпреварувањето.
Натпреварувањето започнало со одигрувањето на првото квалификациско коло кое започнало на 11 јули 2006 година, а завршило со одигрување на финале на 23 мај 2007 година одржано на Олимпискиот стадион Спиридон Луис во Атина, Грција. Во финалето екипата на Милан издвоила победа над Ливерпул со резултат 2:1 со тоа освојувајќи ја својата седма титула во најсилното европско фудбалско натпреварување.
Квалификации Седумдесет и три клубови од 50 национални сојузи од државите членки на УЕФА. Од секоја држава имало одреден број на претставници во УЕФА Лигата на шампионите врз основа на коефициентот на лигата во државата; сојузот со поголем коефициент имал повеќе свои претставници од оној национален сојуз со помал коефициент, но сепак, ниеден сојуз не смеел да биде претставуван со повеќе од четири клубови. Сите фудбалски сојузи имале барем еден претставник во квалификациите, освен Лихтенштајн, чии клубови се натпреварувале во швајцарските лиги, но ниеден во Швајцарската Супер лига.
Сојузи 1-3 (Шпанија, Англија и Италија): 4 претставници Сојузи 4-6 (Франција, Германија и Португалија): 3 претставници Сојузи 7-15: 2 претставници Сојузи 16-50: 1 претставник Фудбалските сојузи на Сан Марино и Анд Сојузи Сан Марина и Андора немале ниеден претставник во квалификациите за УЕФА Лигата на шампиони.
Прво квалификациско коло: (24 претставници) 24 шампиони од сојузите 26–50 (без Лихтенштајн)
Второ квалификациско коло: (28 претставници) 12 победници од првото квалификациско коло 10 шампиони од сојузите 16-25 6 вицешампиони од сојузите 10-15
Трето квалификациско коло: (32 екипи) 14 победници од второто квалификациско коло 6 шампиони од сојузите 10-15 (Шкотска, Турција, Чешка, Русија, Австрија и Украина) 3 вицешампиони од сојузите 7-9 (Холандија, Грција и Белгија) 6 третопласирани од сојузите 1-6 3 четвртопласирани од сојузите 1-3
Групна фаза: (32 екипи) бранител на титулата 16 победници од третото квалификациско коло 9 шампиони од сојузите 1-9 6 второпласирани од сојузите 1-6
Екипи Групи БарселонаШ Интер Бајерн Минхен ПСВ Ајндховен Реал Мадрид Рома Вердер Бремен Олимпијакос Челси Олимпик Лион Порто Андерлехт Манчестер Јунајтед Бордо Спортинг СелтикТрето квалификациско коло Валенсија Кјево АЕК Атина ЦСКА Москва Осасуна Лил Стандард Лиеж Австрија Виена Ливерпул Хамбургер Галатасарај Шахтјор Донецк Арсенал Бенфика Слован Либерец Макаби Хаифа Милан АјаксВторо квалификациско коло Хартс Динамо Киев Левски Софија Стеауа Букурешт Фенербахче Црвена ѕвезда Динамо Загреб Јургорден Млада Болеслав Легија Варшава Копенхаген Ружомберок Спартак Москва Цирих Дебрецин Ред Бул Салцбург ВолеренгаПрво квалификациско коло Горица Сиони Болниси Пјуник Њу Сејнтс Аполон Лимасол Екранас Биркиркара Ф91 Диделанж Широки Брег Хафнарфјордур Елбасани Баку Металург Лијепаја Работнички ТВМК Талин Б36 Торсхавн МИПА Корк Сити Линфилд Актобе Шериф Тираспол Шахтјор Солигорск
Квалификации Прво квалификациско коло Првите натпревари биле одиграни на 11 и 12 јули, а реванш натпреварите на 18 и 19 јули 2006 година.
Второ квалификациско коло Првите натпревари биле одиграни на 25 и 26 јули, а реванш натпреварите на 1 и 2 август 2006 година.
Трето квалификациско коло Првите натпревари биле одиграни на 8 и 9 август, а реванш натпреварите на 22 и 23 август 2006 година.
* Поради вооружените судири во Израел, УЕФА донела одлука овој натпревар да се игра на неутрален терен. Натпреварот бил одигран на стадионот Валери Лобановски во Киев.
Натпреварување по групи Ждрепката за натпреварувањето по групи се одржала на 24 август 2006 година во Монако. Натпреварувањето во групната фаза траело од 12 септември до 24 август 2006 година.
Првите две екипи од секоја група се пласирале во осминафиналето, додека третопласираните екипи го продолжиле својот настап во шеснаесетфиналето во УЕФА Купот. Според параграфот 4.05 во УЕФА правилникот за таа сезона, доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза, нивниот редослед се одредува според следните правила: поголем број на бодови освоени во меѓусебните натпревари; подобра гол разлика остварена во меѓусебните натпревари; поголем број на голови постигнати на гости во меѓусебните натпревари; подобра гол разлика од сите одиграни натпревари во групната фаза; поголем број на постигнати голови во сите натпревари од групната фаза; поголем коефициент кој клубот го остварил, како и фудбалскиот сојуз во кој клубот припаѓа во претходните 5 сезони.
Легенда на боиТимови кои се пласирале во осминафиналето Тимови кои го продолжуваат својот настап во УЕФА Купот
Група А
БАРЧЕЛЛЕВВЕР Барселона–2:25:02:0 Челси 1:0–2:02:0 Левски Софија0:21:3–0:3 Вердер Бремен1:11:02:0- Табела 1. Челси64111046132. Барселона6321124811 3. Вердер Бремен 6312752104. Левски Софија 6006117-160
Група Б
БАЈИНТСПАСПО Бајерн Минхен–1:14:00:0 Интер 0:2–2:11:0 Спартак Москва2:20:1–1:1 Спортинг Лисабон0:11:01:3- Табела 1. Бајерн Минхен63301037122. Интер 631255010 3. Спартак Москва 6123711-454. Спортинг Лисабон612336-35
Група Ц
БОРГАЛЛИВПСВ Бордо–3:10:10:1 Галатасарај 0:0–3:21:2 Ливерпул3:03:2–2:0 ПСВ Ајндховен 1:32:00:0- Табела 1. Ливерпул64111156132. ПСВ Ајндховен 631266010 3. Бордо 621367-174. Галатасарај 6114712-54
Група Д
ОЛИРОМШАХВАЛ Олимпијакос–0:11:12:4 Рома 1:1–4:01:0 Шахтјор Донецк2:21:0–2:2 Валенсија 2:02:12:0- Табела 1. Валенсија 64111266132. Рома 631284410 3. Шахтјор Донецк6132611-564. Олимпијакос6033611-53
Група Е
ДИНЛИОСТЕРМ Динамо Киев–0:31:42:2 Олимпик Лион 1:0–1:12:0 Стеауа1:10:3–1:4 Реал Мадрид5:12:21:0- Табела 1. Олимпик Лион 64201239142. Реал Мадрид6321148611 3. Стеауа6123711-454. Динамо Киев6024516-112
Група Ф
БЕНСЕЛКОПМАН Бенфика–3:03:10:1 Селтик 3:0–1:01:0 Копенхаген0:03:1–1:0 Манчестер Јунајтед3:13:23:0- Табела 1. Манчестер Јунајтед64021055122. Селтик 630389-19 3. Бенфика621378-174. Копенхаген621358-37
Група Г
АРСЦСКАХАМПОР Арсенал–0:03:12:0 ЦСКА Москва 1:0–1:00:2 Хамбургер1:23:2–1:3 Порто0:00:04:1- Табела 1. Арсенал6321734112. Порто632194511 3. ЦСКА Москва 622245-184. Хамбургер6105715-83
Група Х
АЕКАФКЛИЛМИЛ АЕК Атина–1:11:01:0 Андерлехт 2:2–1:10:1 Лил3:12:2–0:0 Милан3:04:10:2- Табела 1. Милан6312844102. Лил62318539 3. АЕК Атина622269-384. Андерлехт 6042711-44
Завршница
Осминафинале Ждрепката за осминафиналето се одржала на 15 декември 2006 година во Нион, Швајцарија. Првите натпревари биле одиграни на 20 и 21 февруари, а реванш натпреварите на 6 и 7 март 2007 година.
Четвртфинале Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето се одржала на 9 март 2007 година во Атина, Грција. Првите натпревари биле одиграни на 3 и 4 април, а реванш натпреварите на 10 и 11 април 2007 година.
Полуфинале Првите натпревари биле одиграни на 24 и 25 април, а реванш натпреварите на 1 и 2 мај 2007 година.
Финале
Поврзано УЕФА Куп 2006/07
Наводи
Надворешни врски Сите натпревари и резултати од сезоната 2006/07 на официјалниот портал на УЕФА
Категорија:Сезони во УЕФА Лига на шампиони