Бело Поле () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Историја Рана историја Се претпоставува дека селото е наследник на античка римска населба. Извршени се археолошки ископувања при кои биле пронајдени монети од времето на Римската Република. Според една легенда, првите доселеници (и според друга верзија на легендата - патувачки трговци) на ова место пронашле ливади со бели цветови. Оттаму потекнува неговото сегашно име, Бело Поле.

Отоманско Царство Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 84 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 191.

По избувнувањето на Балканските војни во 1912 година, пет лица од селото биле доброволци во Македонско-одринските доброволни чети.„Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.

Географија и местоположба Селото Бело Поле се наоѓа во западното подножје на Рила. Се наоѓа на левиот брег на реката Струма. Релјефот е ридски и постепено преминува во рамен. Климата е минлива. Почвите, растенијата и животните се карактеристични за овој дел на Бугарија. Крај Бело Поле минуваат главниот пат Е 79 и железничката линија Софија - Кулата. Има и железничка станица. Поради близината до Благоевград и важните сообраќајни врски, селото е вклучено во редовните автобуски линии за јавен превоз на патници во градот. Најблиска населба е селото Рилци.

Стопанство Атарот на селото зафаќа површина од 2.584км².

Население

+Население на Сливница по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 219 190 213 388 564 570 591 603 613

+Население по возраст од 2011 година:

Според пописот од 2021 година, селото имало 561 жител, со густина на населеност од 217.1/км².

Во пописот од 2011 година имало 613 жители, што значи дека во текот на една деценија има стапка на пад на население од -0.83%.

Самоуправа и политика Поштенски број на селото е 2709.

Редовни настани Од 15 август (Успение на Пресвета Богородица) 2004 г. во селото, на овој датум, секоја година се одржува собир поради црквата во селото (официјално активна од 12 септември 2010 г.), која го носи истото име. На програмата се книжевни и музички изведби.

Наводи

Категорија:Општина Горна Џумаја Категорија:Села во Пиринска Македонија