За истоименото село, видете Долна Бањица.
Општина Долна Бањица — рурална поранешна општина во Македонија, основана 1996 година, а престанала да постои со законот за територијална поделба на Македонија од 2004 година, кога била припоена на Општина Гостивар. Седиште на општината била населбата Долна Бањица.
Населени места Во Општина Долна Бањица спаѓале следниве села: Горна Бањица, Горна Ѓоновица, Долна Бањица, Долна Ѓоновица, Митрој Крсти, Симница и Сушица.
Демографија Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, Општина Долна Бањица има 9.467 жители, од кои:
националност број Македонци 1.567 Албанци 4.743 Турци 2.767 Роми 324 Власи 0 Срби 5 Бошњаци 0 останати 61
Наводи
Поврзано
Општина Гостивар Општини во Македонија Долна Бањица
Долна Бањица Категорија:Долна Бањица