Владимир Брчков (роден на во Велес) — македонски поранешен кошаркар и репрезентативец кој настапувал за Борец Баскет. Тој иако е роден во Велес, тој е израснат во Бузалково, од каде е и неговото семејство.
Професионална кариера Својата професионална кариера ја започнал во 2005 година во кошаркарскиот клуб Ангели од Велес, кој тогаш се натпреварувал во Втората македонска кошаркарска лига. Сезоната сезона 2006/07, продолжил во истиот клуб, овој пат под името Ангели Леов. Брчков со екипата поради добриот пласман во Втората лига, добил право да учествува во т.н. „Прва Б лига“, односно да се натпреварува против екипите од долниот дел на табелата од Првата лига за пласман во најсилната лига за следната сезона. Притоа Владимир Брчков во 2007 година го добил признанието „Најдобар кошаркар младинец за 2006 година“ од страна на Општината Велес.Спортист на годината 2006 veles.gov.mk 22 јануари 2007 За сезоната 2007/08, Брчков потпишал за прволигашот Фершпед Работнички. За сезоната 2008/09, настапувал во Торус, задржувајќи се една сезона. Следната сезона потпишал за Фени Индустри. Таа сезона, заедно со Фени ја освоил двојната круна во Македонија и повторно стигнувајќи до полуфиналето во БИБЛ. Сезоната 2010/11 исто така била успешна за него, кога повторно со Фени ја освоил Лигата и за првпат станал освојувач на Балканската лига. За сезоната 2011/12, со Фени Индустри бил вицепрвак во Лигата и Купот на Македонија, губејќи двапати од МЗТ Аеродром. Сезоната 2012/13, со Фени стигнал полуфиналето во Лигата и до четвртфиналето во Купот. За следната сезона повторно потпишал за Работнички,Репрезентативецот Брчков нов играч на Работнички republika.mk 2 септември 2013Брчков нов член на Работнички kurir.mk 2 септември 2013 со кој стигнал до финалето во Првенството, притоа повредувајќи го рамото за време на финалните пресметки со МЗТ Аеродром.Тешка повреда на репрезентативецот Владимир Брчков republika.mk 30 мај 2014 За сезоната 2014/2015, се преселил во Кожув,КОЖУВ ГО АНГАЖИРАШЕ ВЛАДИМИР БРЧКОВ ОД РАБОТНИЧКИ tip.com.mk/ 22 август 2014Брчков го засилува Кожув ekipa.mk/ 22 август 2014Брчков нов играч на Кожув a1on.mk/ 22 август 2014 стигнувајќи до финалето на Купот на Македонија и до полуфиналето на Балканската лига.Кожув без финале во БИБЛ лига vecer.mk 8 април 2015Во Кожув едногласни: И самото полуфинале е значаен успех ekipa.mk 9 април 2015 За сезоната 2015/16, тој ја продолжил соработката со Кожув.Брчков останува во Кожув ekipa.mk 20 август 2015Брчков и наредната сезона во Кожув sport365.mk 21 август 2015 За сезоната 2016/17, Брчков се преместил во редовите на КК Струмица. Во септември 2017, Брчков се преселил во албанска КК Тирана. Со Тирана Брчков го освоил Купот на Албанија 2018. Подоцна го освоил и албанското Првенство. Во декември 2019 година, по пауза од година и пол неиграње активна кошарка, Брчков потпишал за Борец Баскет. Во следната сезона, тој продолжил да настапува за велешкиот клуб.
Репрезентативна кариера Брчков во 2005 година бил составот на кошаркарката селекција до 16 години. Настапувал и за репрезентација до 20 години, односно учествувал на Европското првенство 2008 - Б Дивизија во Романија и на Европското првенство 2009 - Б Дивизија во Скопје. Тој учествувал на Европското првенство 2013 во Словенија, кога Репрезентацијата го освоила 21. место.Пипан го објави списокот: Во полн состав ќе атакуваме на ЕП во Словенија hitportal.com.mk 2 септември 2013Кошаркарите заминаа за Словенија sitel.com.mk 2 септември 2013 Квалификациите за Евробаскетот 2015 започнале со помладена репрезентација во која учествувал и Брчков,Македонија вечерва против Белгија на стартот од квалификациите за ЕП vistina.mk 10 август 2014 воедно обезбедувајќи пласман за континенталното првенство.Џикиќ: Момците можат повеќе, а не го знаат тоа derbi.mk 27 август 2014Македонска кошаркарска репрезентација обезбеди пласман на Евробаскет 2015! supersport.com.mk 27 август 2014 За време на завршниот турнир 2015 во Загреб - Хрватска, Брчков одиграл три напревари каде имал мала минутажа од вкупно осум минути и немал постигнато бодови.Accumulated Stats eurobasket2015.org
Успеси
Титули Фени Индустри Прва македонска лига (2) : 2009/10, 2010,11 Куп на Македонија (1) : 2010 Балканска лига (1) : 2011
Тирана Суперлига на Албанија (1) : 2017/18 Куп на Албанија (1) : 2018
Признанија Најдобар кошаркар младинец од Велес за 2006 година Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2014г.) Eurobasket.com - особен придонес во сезоната (2015г.) Особен придонес во сезоната 2015/16
Наводи
Надворешни врски Профил на Владимир Брчков на eurobasket.com
Категорија:Живи луѓе Категорија:Кошаркари од Велес Категорија:Луѓе од Бузалково