Хузум (; севернофризиски: Hüsem) — град и административно седиште на округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот е родното место на романописецот Теодор Шторм, кој ја создал фразата „сивиот град крај морето“. Исто така во него се одржува годишниот меѓународен фестивал на пијаното „Раритети на музиката за клавир“ (Raritäten der Klaviermusik), воспоставен во 1986 година.

Историја

Хузум бил првпат споменат како Хузембро (Husembro) во 1252 година, кога данскиот крал Абел бил убиен.

Како повеќето градови на Северното Море, Хузум бил отсекогаш под влијание на силни бури. Во 1362 година ужасна бура наречена „Големата поплава“ го поплавила градот и го овозможила природното пристаниште. Пред тоа, Хузум не се наоѓал директно на брегот. Луѓето од градот ја искористиле оваа можност и изградиле пазар, кој довел до голем економски пресврт.

Помеѓу 1372 и 1398 година, населението во Хузум постојано се зголемувало и биле основани две села: Остер-Хузум (Oster-Husum) и Вестер-Хузум (Wester-Husum).

Името Хузум било првпат споменато во 1409 година. Прикажано е на Карта Марина во фризискиот облик од Хузем (Husem).

Географија

Хузум се наоѓа на Хузумскиот Залив на Северното Море. Лежи 82 километри западно од Кил, 139 километри северозападно од Хамбург и 43 километри југозападно од Фленсбург.

Градски единици

Градот е поделен на следниве градски единици:

Центар (Zentrum) Нордхузум (Nordhusum) Поренког (Porrenkoog) Остерхузум и Остерхузумфелд (Osterhusum, Osterhusumfeld) Алтштат (Altstadt) Нордершлаг (Norderschlag) Драјмилен (Dreimühlen) Редемис (Rödemis) Фишерзидлунг (Fischersiedlung) Нојштат (Neustadt) Гевербегебит (Gewerbegebiet) Килсбург (Kielsburg) Розенбург (Rosenburg) Шобил (Schobüll) Халебил (Halebüll) Хокенсбил (Hockensbüll) Лунд (Lund)

Култура

Како туристичко одредиште и порта кон Севернофризиските Острови, Хузум нуди многу културни настани.

Фестивал „Раритети на музиката за клавир“

Овој меѓународен фестивал на раритетната музика за клавир, насочен кон непознатата класична пијано музика, бил основан во 1986 година од Петер Фроундјијан и се одржува во градскиот замок.

Музеи

мини|лево|Бродски музеј

Куќа „Теодор Шторм“ (Theodor-Storm-Haus) претставува родната куќа на писателот Теодор Шторм. Во нејзе се наоѓа изложба посветена на романописецот и неговите дела. Бродскиот музеј Северна Фризија (Schifffahrtsmuseum Nordfriesland) прикажува бродови од средниот век до денес. Прикажаните модели даваат добар приказ на животот на брегот и на морето. Остенфелдска фармерска куќа (Ostenfelder Bauernhaus) стара фарма и најстар отворен музеј во Германија.

Знаменитости

мини|Црква Св. Богородица во Хузум

Црква Св. Богородица, паднала во 1807 година и повторно изградена во 1833 година. Замокот пред Хузум, изградена во 1582 година, резиденција на војводите на Холштајн-Готорп. Старото Градско собрание, изградено во 1601 година Новото Градско собрание, изградено во 1988/1989 година

мини|лево|Замок пред Хузум мини|десно|Пазар во Хузум со црквата Св. Богородица

Клубови

Групата „Редемис“ (Spielmannszug Rödemis) е познат бенд за маршови од градската единица Редемис. Хузум е исто така дом на два фудбалски клубови, ФК Хузумер (Husumer SV) и ФК Редемис (Rödemisser SV).

Крикет клубов е основан во рамките на центарот Микелберг, кој порано бил домаќин на меѓународни натпревари во крикет за жени. Теренот се наоѓа во близина на Хатштет.

Збратимени градови

Хузум е збратимен со следниве градови:Нашата приказна на збратимување (англиски)Збратимени градови на Хузум (германски)

Кидерминстер, Обединето Кралство Тшчанка, Полска Хајлбад Хајлигенштат, Германија Гентофте, Данска

Инфраструктура

Железничката станица во Хузум се наоѓа на линијата Вестерланд–Хамбург (наречена и „мочуришна железница“), линијата Хузум-Санкт Петер-Ординг до полуостровот Ајдерштет и линијата Хузум-Јибек, која го поврзува со линијата Нојминстер-Фленсбург и Кил.

Познати жители Херман Таст (1490−1551) — протестантски реформист Јоханес Мејер (1606–1674) — картограф Петер Аксен (1635–1707) — правник, филолог, хуманист и дипломат Николаус Брунс (1665–1697) — оргулар Теодор Шторм (1817−1888) — германски романописец Маргарет Беме (1867–1939) — писателка Фани цу Рефентлов (1871–1918) — писателка и преведучка Јан Вејн (р. 1974) — диџеј, пејач и продуцент

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Хузум на стари поштенски марки

Категорија:Пристанишни градови на Северното Море Категорија:Северна Фризија (округ)