За македонскиот режисер, видете Душан Наумовски.

Душко Наумоски или Наумовски (Крушевац, Србија, 2 јуни 1921 - Плетвар, 10 декември 1961) — македонски комунист, учесник во НОВ и театарски режисер.Александар Литовски „Јубилејна хронологија на македонското националноослободително движење и на антифашистичката борба во Македонија во 2011“, Битола, 2011, 203-204 стр. При акцијата на 11 октомври 1941 година во Прилеп, тој го застрелал непријателскиот стражар пред полициската станица. Не бил носител на орденот народен херој ниту на Партизанска споменица 1941.

Животопис

На шестгодишна возраст, откако неговиот татко завршил Земјоделски факултет во Загреб, се вратил со своето семејство во Прилеп. Откако татко му се вработил во Земјоделското училиште во Битола, тој со своето семејство се преселил во Битола. Во битолската гимназија Душко станал член на СКОЈ. Краток период живеел и во Тетово.

По бугарската окупација на Македонија во 1941 година, неговото семејство се враќа во Прилеп. На 11 октомври 1941 година Душко Наумоски се приклучува на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и учествува во нападот на одредот на Прилеп. При нападот, тој го застрелал претставникот на бугарската окупаторска власт-стражарот пред полициската станица Петар Колев од Смилево. Колев не се сомнева во ништо, бидејќи го познава Наумоски и е пријател на неговиот татко.Стенографски белешки от Тринаесеттото продолжение на Четиринаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јануари 2007 година. Тој бил ново мобилизиран и имал семејство со 3 деца. Петар Колев бил внук на Даме Груев.КОГА АСПАРУХ ЈОСИФОСКИ Е „ПАТРИОТ“, А ВНУКОТ НА ДАМЕ ГРУЕВ „ОКУПАТОР“? Трибуна, 11.10.2020 г.

Ноќта по нападот се разболува од загриженост дека убил познато лице и по три дена се враќа дома на лекување. Таму, за една недела, е уапсен и во ноември 1941 година е спроведен во битолскиот затвор. На 25 ноември е изведен пред суд во Битола и е осуден на шест години и осум месеци затвор од страна на Бугарскиот окупатор.Јован Поповски „Човекот од првиот чин на историјата“, „Македонско радио“, Скопје, 1993, 46 стр. Бил префрлен во Скопскиот затвор, а потоа во затворот во Идризово. Во јули 1944 година е ослободен од понатамошното издржување на казната и се враќа во Прилеп.Поповски, цит. дело, 62 стр.

Таму се поврзува со Партијата и влегува во агитпропот на Окружниот комитет во Прилеп, каде останува до март 1945 година. Потоа работи во министерството за внатрешни работи во Прилеп. Уапсен е во 1948 година, под сомнение дека земал мито.Поповски, цит. дело, 70 и 75 стр. Во Прилепскиот затвор поминал осум месеци,Јован Поповски „Душко Наумовски, понижен херој на НОБ“, „Утрински Весник“, 3 мај 2011. а по ослободувањето од затвор е испратен на отслужување на воениот рок. Потоа е назначен за директор на новоформираниот Прилепски театар, а од 1953 година работи во Битолскиот театар. Меѓу неговите режии особено се издвојуваат режиите на „Зона Замфирова“, „Вообразен болен“, „Заеднички стан“, „Мистер Долар“ и други.

Загинал во сообраќајна несреќа во близина на Плетвар.

Во 1993 година Јован Поповски објавува романизирана биографија за него, насловена „Човекот од првиот чин на историјата“.

Наводи

Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски партизани Категорија:Луѓе од Крушевац Категорија:Луѓе од Прилеп