Харита Вибрандс (француски: Harita Wybrands) (1948, Белград) - француска писателка и сликарка.
Животопис Вибрандс е родена во Белград, во 1948 година. Најраните години од детството ги поминала во Битола. Нејзиниот татко бил родум од Битола, од семејството Балабан, додека нејзината мајка била Србинка. Таа студирала филозофија во Белград и во Париз, каде се преселила во 1970 година.„Белешка за преведувачките“, во: Паскал Кињар, Тераса во Рим, Тера Магика, Скопје, 2003, стр. 128. Творештво Вибрандс пишува филозофски есеи, а покрај тоа, таа преведува од македонски и српски на француски јазик. Има преведено над 15 поетски и прозни книги, вклучувајќи ги делата на Иво Андриќ, Луан Старова, Катица Ќулавкова итн. Исто така, таа се занимава и со сликарство. Наводи
Категорија:Француски писатели Категорија:Француски сликари Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Родени во 1948 година