Лина Ѓорческа (родена на 3 август 1994 во Тетово) — македонска тенисерка. Пласман на списокот на ВТА Нејзино највисоко место на ВТА листата во поединечна конкуренција е 192. место кое го постигнала на 30 јануари 2017. Во двојки, нејзино највисоко место е 129. место, кое го постигнала на 5 декември 2016. Ѓорческа досега во кариерата има освоено осум ИТФ титули во поединечна конкуренција и 34 ИТФ титули во двојки.

Играјќи за Македонија во Фед купот, Ѓорческа има биланс од 5 победи и 1 пораз (3–0 во поединечна конкуренција и 2–1 во двојки).

Таа е прогласена за најдобра млада спортистка на Македонија за 2013 година од страна на Сојузот на спортови на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Во 2016 година, таа е прогласена за најдобра спортистка на Македонија од страна на Агенцијата за млади и спорт.Ѓорческа ја заврши годината со стил - најдобра спортитска за 2016 година! gol.mk; 23 декември 2016Лазаров и Ѓорческа се најдобри спортисти за 2016 година sport.com.mk; 23 декември 2016

Ѓорческа станала првата македонска тенисерка која заиграла на Гренд слем, и тоа во квалификациите на Отвореното првенство на САД во 2016 година.ОФИЦИЈАЛНО: Лина ќе игра во квалификациите на УС Опен 4 август 2016; sportmedia.mk Во 2017 година, на Отвореното првенство на Австралија 2017, таа запишала две победи во првите две квалификациски кола, но била запрена во третото квалификациско коло од швајцарката Стефани Фегеле.Гренд слем премиерата ќе почека, Лина „стопирана“ од Швајцарката Фегеле 14 јануари 2017; sportmedia.mk

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година Категорија:Македонски тенисери Категорија:Луѓе од Тетово