Фридрихштат (; севернофризиски: Fräärstää; ; ) — град во округот Северна Фризија, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа помеѓу реките Ајдер и Трене, околу 12 километри јужно од Хузум.
Градот претставувал административно седиште на истоимената општинска заедница.
Историја
Бил основан во 1621 година од холандски доселеници. Војводата Фридрих III на Холштајн-Готорп ги повикал да инвестираат капитал и знаење во оваа областа, а за возврат им ветил верска слобода во врска со нивната менонитска и ремонстрантска религија и можноста да добијат мочуриште во близина на градот. Еден од нив бил Јоханес Нарсиус. Во тоа време, холандскиот јазик станал службен јазик во рамките на градот. До 1630 година, многумина се вратиле во Холандија. Во 1633 година, Фридрих III испратил амбасадор во Персија со цел да го претстави Фридрихштат како европски терминал. И покрај успешните најави, сепак проектот на крајот пропаднал. Градот не станал толку успешен како што се очекувало.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Холандското потекло на Фридрихштат
Категорија:Северна Фризија (округ) Категорија:Златно време на Холандија Категорија:Населени места основани во 1621 година