Александар Гаталица (Белград, 1964) е српски писател, преведувач од антички грчки јазик и музички критичар. Дипломирал во Белград на катедра за општа книжевност и теорија на книжевност со старогрчки јазик.Александар Гаталица. "Велики рат".
Како писател се појавува во 1993 година и досега објавил единаесeт книги. Неговата проза е преведена на десет европски јазици. Прозата на Александар Гаталица е објавувана во сите книжевни списанија во некогашна Југославија и во Србија.
Член е на Српското книжевно здружение.Српско књижевно друштво/Александар Гаталица
Кариера Ги вршел следните функции: Уредник на Едицијaта Европа , Уредник на страницата Светска книжевност, листот Денес, уредник на мултимедијален CD-ром Contemporary Serbian Art, член на Управен Српски ПЕН Центар,. член на Управен одбор на Европско движење во Србија , потпретседател на Европско движење во Србија, уредник на Годишник на српска книжевност на Српскиот ПЕН центар, уредник на изданието Кој е кој (Who`s who ), издание на Српскиот ПЕН центар, Член на Совет за музика РТС, Уметнички директор на Опера и театар Мадленианум, Уредник на додаток на БЛИЦ книга, Уредник за култура на Информативен програм на РТС, Управител на Фондацијата на Народна библиотека на Србија, Начелник на одделение за програма од културата, односи со јавност и протокол на НБС. Како музички критичар, пишувал критики.
Наводи
Надворешни врски Званична презентација Вулкан/Александар Гаталица Делфи/Књиге аутора Александра Гаталице
Категорија:Српски романописци Категорија:Добитници на НИН-ова награда Категорија:Српски преведувачи Категорија:Српски критичари Категорија:Добитници на награда Иво Андриќ Категорија:Членови на Српско книжевно здружение Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Добитници на Андриќевата награда Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во 1964 година