Лисија — речиси напуштено село во општината Благоевград, Благоевградската област, Бугарија. Сместено е во подножјето на планината Влахина. На 29 јануари 1944 година, тринаесет Бугарски партизани загинале во битка во близина на селото.Пощенски Кодове в Лисия, Област Благоевград

Географија Селото се наоѓа во планинска област.

Историја Во 1891 година Георги Стрезов напишал за селото:

...Лисија, село со 180 куќи, се наоѓа јужно од Џумаја, оддалечена 4 часа. Нема ниту црква, ниту училиште. Жителите живеат најмногу со земјоделство.

Кога избувнала Првата Балканска Војна во 1912 година, 13 луѓе од Лисија доброволно се пријавиле за Македонско-одринските доброволни чети.Lisija

Население До 1900 година, според познатата статистика на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), населението на селото броело 780 луѓе, сите Македонци-Христијани.

Личности Родени во Лисија Коле Ангелов, македонско-одрински доброволец Христо Михалков Јанакиев (10.03.1874 – ?), член на ВМРО (Иван Михаилов) Стојне Лисински (1908-1993), партизан

Починати во Лисија Арсо Пандурски (1915-1944), партизан Веса Бараковска (1922-1944), партизанка Стефка Филипова (1922-1944), партизанка

Наводи

Категорија:Села во Пиринска Македонија